KoleNedelkovski.edu.mk

Натпервар за Лидер во угостителско-туристичка струка за 2017 година

24837251 10156043171449662_3328011014278581221_o_1

На 06.12.2017 (среда) во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, односно во хотел „Аполонија“ се одржа натпервар за Лидер во угостителско-туристичка струка за 2017 година. На натпреварот учество земаа повеќе угостителски училишта од Македонија. Учениците од угостителската струка од ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес се натпреваруваа во два профила: Категорија: Хотелско-туристички техничар, Ана Угриноска го освои 3-то место. Категорија: Готвач, Борче Илов, го освои 4-то место. Професори ментори: Горан Богоевски, Марјан Малинов и Влатко Панов. Училиштето им честита на учениците и нивните ментори за постигнатите успеси!

Учество на Државниот натпревар „Лидер 2017“

24879776 10156040842994662_668043368238116927_o

Денеска, училиштето „Никола Карев“ од Струмица беше домаќин на годинешниот избор на лидер на струка за 2017 година. ССОУ „Коле Неделковски“ свои натпреварувачи имаше во машинската, електротехничката и сообраќајната струка. Резулататите од поедините образовни профили се дадени подолу, односно освоени се 2 први места, 3 втори места, едно 3 место и две 5-ти места. 1 место Електротехничар за компјутерска техника и автоматика: Никола Стоименов Машински техничар: Гуфран Таировски 2 место Електротехничар за електроника и телекомуникации: Кире Костадинов Техничар за транспорт и шпедиција: Цветан Бошковски Техничар за компјутерско управување: Пане Андов 3 место Машинско енергетски техничар: Марио Миронов 5 место Автотехничар-мехатроничар: Стефан Андреевски Електротехничар енергетичар: Дарко Темелковски УЧЕНИКОТ НИКОЛА СТОИМЕНОВ ОСВОИ ПРВО МЕСТО ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОФИЛ ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА, А ИСТОВРЕМЕНО ИМАШЕ И НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ОСВОЕНИ ПОЕНИ ВО ОДНОС НА ОСТАНАТИТЕ ДВА ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКАТА СТРУКА, СО ТОА ТОЈ СЕ СТЕКНА СО ТИТУЛАТА ЛИДЕР НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКАТА СТРУКА ЗА 2017 ГОДИНА! ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ ИЗРАЗУВА ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ И НИВНИТЕ МЕНТОРИ.

„ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години

 15384475 10154919352844662_6177681077750686267_o

Домаќин на проектот „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија беше ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.

Натпреварите од електротехничка, машинска и сообраќајна струка се одржаа на 09.12.2016 година. Организацијата на натпреварот е во надлежност на Центарот за стручно образование и обука и Министерството за образование и наука. 

Нашите ученици по прелиминарните резулати, ги освоија следните ПРВИ места:
1. Електротехничар за електроника и телекомуникации, 

2.Машинска струка - Техничар за компјутерско управувани машини.

Службените резултати со сите освоени места , ќе бидат доставени во најскоро време до учлиштата од организаторите. 

Работна група на Проектот „Лидер“ при
ССОУ „Коле Неделковски“.

Повеќе...

Златко Томески од 4-2 клас, при ССОУ „Коле Неделковски“ избран за ЛИДЕР во машинската струка

11043324 10153149036029662_6814355995888593767_o

На натпреварите одржани на 26.11.2014 година ученикот Златко Томески (образовен профил: Техничар за компјутерско управување), со менторите Амбарков Орданче и Горан Бузалковски, беше избран за ЛИДЕР во машинската струка. Имено, од трите образовни профили за кои имаше пријавено натпреварувачи (машински техничар, автотехничар-мехатроничар и техничар за компјутерско управување), ученикот Златко Томески имаше освоено најголем број на поени и со тоа се стекна со звањето ЛИДЕР во машинската струка.

Честитки до ученикот и менторите, со надеж дека со ова престижно признание Златко ќе биде препознаен од страна на работодавачите од машинската струка, кои ќе му понудат вработување или пак стипендија за продолжување образованието на некој од техничките факултети во Македонија.

 

11034947 10153149038874662_207494111199619630_o-1

Се одржа првиот државен натпревар „Лидер 2014“ - видео

Проект „Лидер“– избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија

kole-nedelkovski-lider

АГЕНДА
26 ноември 2014 година
8.00 – 9.00 Пристигнување на учесниците
8.00 – 9.00 Состанок на Централната комисија
9.00 – 9.10 Обраќање кон учесниците на натпреварот
9.05 – 9.15 Подигање на тестовите од страна на набљудувачите, идентификување на кандидатите и сместување по простории.
9.15 – 10.15 Теоретски дел од натпреварот
10.15 – 10.30 Прибирање на тестовите од теоретскиот дел од страна на Централната комисија
10.30 Соопштение на составот на работните групи за прегледување на тестовите на огласната табла на училиштето домаќин
10.30 – 10.45 Распределува до прегледувачите на тестовите по групи
11.00 – 12.00 Прегледување на тестовите според клуч од прегледувачите
10.30 – 10.45 Распределба на кандидатите за реализација на Практичниот дел на натпреварот
10.45 – 12.15 Реализација на практичниот дел од натпреварот
12.15 – 12.45 Оценување на кандидатите
12.45 Објавување на резултатите на ранг листа подготвена од Централната комисија
12.45 – 13.00 Поднесување приговори
13.00 – 13.30 Разгледување на приговорите, објавување на конечни резултати.
13.30 – 13.35 Завршно обраќање кон учесниците на натпреварот

Вие сте на: Home lider-na-struka