Златко Томески од 4-2 клас, при ССОУ „Коле Неделковски“ избран за ЛИДЕР во машинската струка
На натпреварите одржани на 26.11.2014 година ученикот Златко Томески (образовен профил: Техничар за компјутерско управување), со менторите Амбарков Орданче и Горан Бузалковски, беше избран за ЛИДЕР во машинската струка. Имено, од трите образовни профили за кои имаше пријавено натпреварувачи (машински техничар, автотехничар-мехатроничар и техничар за компјутерско управување), ученикот Златко Томески имаше освоено најголем број на поени и со тоа се стекна со звањето ЛИДЕР во машинската струка.
Честитки до ученикот и менторите, со надеж дека со ова престижно признание Златко ќе биде препознаен од страна на работодавачите од машинската струка, кои ќе му понудат вработување или пак стипендија за продолжување образованието на некој од техничките факултети во Македонија.