KoleNedelkovski.edu.mk

Посета на подморницата со нуклеарен погон The Redoutable

 

11000079 10153341437054662_6951822344804832338_o

Денес 17.05.2015 година учениците од групата за ученичка размена со Р.Франција ви ја подаруваат првата поголема приказна од брегот на Атланскиот океан која ја споменавме во едно од нашите секојдневни јавувања.
Имавме можност која многу ни значеше да го посетиме "Центарот на морето" ,интерактивна комплетна изложба посветена на подводните истражувања и подводниот свет во градот Шербур.
Ја посетивме подморницата на нуклеарен погон The Redoutable во која ја доживеавме вистинската приказна за животот и работата во подводни услови.
Многу не воодушеви различната наутичка и нуркачка опрема од истражувачки и работен карактер.
Посебна возбудлива приказна беше аквариумот во кој живее морски свет до 11 000 метри длабочина.
Интерактивно научивме многу за хидростатички притисок и архимедовиот закон.
Посебно вредно искуство за учениците од машинската,електротехничката и сообраќајната струка при ССОУ Коле Неделковски.
Дополнително ве покануваме на страницата www.citedelamer.com

 10454926 10153341450654662_1226667640459471207_o

11058574 10153341444304662_6405666378043806023_o

11212125 10153341451599662_3855939981752390487_o

11270489 10153341451139662_2406916128367491907_o

11270611 10153341446804662_6730168783381130794_o

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Посета на подморницата со нуклеарен погон The Redoutable