KoleNedelkovski.edu.mk

Заврши еднонеделната програма на престој во Р.Франција

1655755 10153344140949662_2206274763457759839_o

 

Денес 18 мај во 15.00, групата за Ученичка размена со Р.Франција, ја заврши еднонеделната програма на престој во Р.Франција и со директен лет Буве - Скопје пристигна во Р.Македонија.
Родителите и семејствата ги пречекаа своите деца, во Центарот на градот Велес. Ова беше навистина силна програма на допир со друга култура и простор и една извонредна можност за секој млад средношколец, учесник во проектот.
Проектната активност продолжува со други активности, под координација на Општина Велес.
Учениците и наставниците, од групата при ССОУ Коле Неделковски Велес , топло се заблагодаруваат на членовите на проектниот тим на Општина Велес за вложениот труд кон програмата за престој, за да истата протече во дружење, интеграција ,учење и размена на искуства помеѓу Р.Франција и Р.Македонија.
Благодарност до семејствата на нашите домаќини во Р.Франција, кои вложија многу време и енергија за успешна реализација на поврзувањето на двата збратимени града Шербур и Велес.

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Заврши еднонеделната програма на престој во Р.Франција