KoleNedelkovski.edu.mk

,,Чадорите од Шербур,,

cadorite-od-serbur

Ви претставуваме, како што ветивме, една малечката приказна која ја донесовме од Франција, наречена ,,Чадорите од Шербур,,
Приказната за семејството Ивон, и нивниот занает за изработка на чадори, датира од далечната 1800 година.Занаетот бил предаван од татко на син, повеќе од 200 години, и толку време било потребно да се создаде вистински квалитетен бренд, на правење на чадори.
Денес овие чадори се произведуваат со технологија, развиена од ова занаетчиско семејство, а врвниот квалитет на чадорите го задоволува вкусот и потребите на елитните клиенти ширум светот, вклучувајќи преседатели, кралеви и моќни личности.
За сите ученици кои го посетија Шербур, ова беше интересна приказна, на која се додаваат интересни моменти...поврзани со инспиративната тема на истоимениот Филм ,,Чадорите на Шербур ,, снимен во 1964 година, што е филмска класика, за која сведочењата од снимените сцени ги видовме на самото место.


За љубопитните ги даваме линковите од :

Работилницата:

http://www.parapluiedecherbourg.com/la-manufacture/

Филм ,,Чадорите од Шербур,, 1964 (со Кетрин Денев) 

https://www.youtube.com/watch?v=3fAJGPXKi_I

и фотографии кои ги направивме во овој интересен производен простор.

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција ,,Чадорите од Шербур,,