KoleNedelkovski.edu.mk

ВТОРПАТ ВО НАШИОТ ГРАД, РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ

17264211 10155226208469662_8272051444571094131_n

ВТОРПАТ ВО НАШИОТ ГРАД, РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ , Велес Р.Македонија и Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција
Период 12 -19 март 2017 , Општина Велес

Општина Велес, остварува директна соработка со ученици и наставници од , Машинската струка , образовен профил Индустриски котли и образовен профил Технолошки менаџмент , со средното стручно училиште Lycée Alexis de Tocqueville Académie de Caen Cherbourg Octeville.
Соработката со училиштето е остварена за прв пат во мај 2014 година, за да продолжи како процес кој се обновува и оформува секоја учебна година.
Вчера (12 03 2017 г.) во 12.30 часот на Аеродромот Александар Велики во Скопје, групата на француски ученици, беше пречекана од претставниците на Општина Велес и претставници на училиштата домаќини, средните училишта од нашиот град.
Групата на гости од Р.Франција, брои 43 лица од кои 38 се ученици, 3 наставника, претставник на Родителскиот совет и претставник на Педагошко психолошката служба на училиштетот со кое Општина Велес, ја реализираме размената.
Сите гости, наставници и ученици се сместени во семејствата домаќини на наставниците , учениците и лица претставници на општинската администрација, вклучени во проектот.
По пристигнувањето во многу топла, пријателска атмосфера, беше поставена првата комуникација, помеѓу гостите и учениците.
Во оваа програма се вклучени ученици кои го изучуваат Францускиот јазик , што е една од основните цели на проектот, но воедно мотивирани се, со свое учество и учениците кои го изучуваат англискиот јазик од сите образовни профили и гимназиското образование во училиштата.
Голема поддршка училиштата добиваат од своите општини кои се грижат за целосна координација и доследно спроведување на сите планирани активности. Воедно во проектот посредно се вклучени родителите на нашите ученици, кои исто така , овозможувајќи ги условите на престојот, се од огромно значење во делот на поврзувањето на средношколците и наставниците, за коа поддршка сме им искрено благодарни.
Снежана Софијанова професор , Технички координатор на проектот за Општина Велес

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција ВТОРПАТ ВО НАШИОТ ГРАД, РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ