KoleNedelkovski.edu.mk

Работни активности со гостите од Франција

 17308796 10155228859319662_7409339611348316491_n

Денес, активностите беа исполнети со интензивно дружење, средби и размена на искуства во рамките на размената.
Во 9.30 часот во просториите на Општина Велес, започна средбата на учениците гости, учениците домаќини, професорите гости и домаќини со Неговата Екселенција, Амбасадорот на Р.Франција во Република Македонија , г-дин Кристиан Тимоние и Градоначалникот на Општина Велес г-дин Славчо Чадиев. На средбата беа присутни Директорката на Францускиот Институт г-ѓа Изабел Марки - Барбо и претставници на институтот како Сузана Пешиќ, одговорнo лице за јазична и универзитетска соработка на институтот.
На средбата беше презентиран проектот на размена на ученици и концептите на идната соработка, планирани на релација на трите земји Македонија, Франција и Полска или како што г-динот Амбасадор ги претстави, трите дела на Европа.
Следеше посета на макетата на замокот „Равалет" во Младинскиот парк, каде гостите од Р.Франција можеа да се фотографираат и да ја разгледаат реализацијата на овој идеен концепт на културна размена помеѓу збратимените градови.
Дел од времето, учениците го поминааа во заедничко дружење на спортски натпревар во Одбојка во спортската сала на Гимназијата „Кочо Рацин" во Велес.
Во попладневниот дел, следеа работни активности по средните училишта во Велес.
Во ССОУ,,Коле Неделковски", своите гости од Р.Франција ги прими Директорот на училиштетот Боро Ристовски, со кој се разменија впечатоци од престојот, воедно беше претставено училиштето, начинот на организација и работа, као и спецификите на машинската струка како фокусен интерес за гостите.
Учениците посетија дел од просториите во училишната зграда и проследија заеднички наставни часови по Математика кај професор Љупчо Николовски и Информатика кај професор Ванчо Костадинов. Предметите беа одбрани, со програмата, со цел, да бидат прифатливо разбирливи и воедно од страна на гостите да се изгради, едно искуство од наставата и наставниот процес во училиште во Р. Македонија
Со наставниците гости, се реализираше програма за запознавање со процесот на учење, од страна на наставниците домаќини, наставните предмети, административната работа на наставниците, начинот на реализација на комуникација со родители, начинот на релаизација на работата на предметниот наставник и класниот раководител, сето ова со училиштетот домаќин. 
Како наши гости беа професорот по стручни предмети од машинска струка Sébastien Fenouillère и Dаmourette Samuel, лице одговорно за административната работа во училиштето од Р. Франција и лице одговорно за поддршка на учениците во учењето.

 17240262 10155228859834662_7650195861744091834_o

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Работни активности со гостите од Франција