KoleNedelkovski.edu.mk

ТРЕТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ , Велес Р.Македонија и Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција

17342792 10155237650219662_6882007554014709520_n

Период 12 -19 март 2017 , Општина Велес
Настани и случувања согласно со програмата за престој 16 03 2017 г.:

Денес , активностите беа исполнети со претпладневна работа по групи во секое од средните училишта во Велес. Во ССОУ ,, Коле Неделковски" Велес беше организирано :
• Наставно нагледен час во кабинетот на Техничарот за компјутерско управувани машини, кој го водеше професорот по машински стручни предмети Горан Бузалковски. Беше претставена работата на четири модуларен робот кој се управува преку компјутер. Демонстрацијата ја водеа учениците од образовниот профил техничар за компјутерско управувани машини , тие во знак на спомен од овој ден на своите гости им подарија обработка на натпис, лични имиња, со CNC машина. 
• За да се поврзе демонстративниот час, наставата се продолжи на терен со посета на фабриката Leov company. Исклучително добрата организација и одличен прием,во фабриката ,им овозможи на учениците да го видат се она за кое учат во своето средно училиште, односно производство на бојлери и соодветни котли , за сето оваа тие се образуваат. Во стручниот дел сигурно оваа посета ќе остави длабока трага, посебно беа изненадени од одговорноста и тежината на процесот за производство на казани, како и од тоа што и во најтешкиот дел од работата се вклучени многу млади жени.Во стручна поддршка на посетата беше професорот по машински стручни предмети Зоран Пасламушков
• Потоа учениците гости на ССОУ Коле Неделковски (9) ученика, заедно со своите домаќини во Спортската сала на училиштето, одиграа кошаркарски натпревар, натпреварот помина одлично и докажа дека во спортот нема јазична и културна бариера, сите сме исти и одлично се разбираме.Спортскиот натпревар го организираа професорите Златко Здравковски, Анѓелче Гушев и Леонид Таневски.
• Целата група на гости и домаќини се интегрираше во 20.00 часот на театарска претстава во народниот театар ,, Јордан Хаџи Константинот Џинот" во Велес, каде беше гледана театарската претстава ,,Класен непријател". 
Снежана Софијанова професор , Технички координатор на проектот за Општина Велес

 17342872 10155237649889662_8946754134719386064_n

17353233 10155237648204662_934977131274627771_n

17353434 10155237648739662_8759564082888614212_n

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција ТРЕТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ , Велес Р.Македонија и Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција