KoleNedelkovski.edu.mk

Настани и случувања согласно со програмата за престој 15.03.2017

17218667 10155236562934662_4292742779876152911_o

Денес , активностите беа исполнети со интеграција на сите 76 ученика директно вклучени во проектот , 7 наставници од 4 средни училишта во г. Велес и 3 лица одговорни за проектот од Општина Велес . Сите активности беа реализирани во рамките на целата проектна група. 
Беше реализирана посета на г.Скопје.При посетата беа реалзирани следните активности :
• Посета на Францускиот Институт во Скопје во 10.00, каде вработените во институтот ја презентираа работата на оваа установа,како продолжена рака на културна и едукативна дејност и промотор на Франција, надвор од нејзините граници. Вработените ги презентираа дел од своите активности.Учениците имаа можност да ја видат медиотеката и да прегледаат дел од литературата која е достапна за ученици, студенти и поширока публика.
http://www.ifs.mk/
• Во 11.30 часот беше посетена музеј куќата на Мајка Тереза, во која особено француските гости се запознаа со животот и делото на познатата Скопјанка.
• Периодот од 12.30 до 16.00 , групата го помина во Старата Скопска чаршија, која беше полна со живот, полна со автентичност и полна со богата историја.Во овој дел групата беше поканета да ја посети црквата Св.Спас во Скопје, во која беа претставени делата на еден од најпознатите резби Петре Гарката, како и Иконопис на Дичо Зограф. Гостите беа воодушевени од совршеноста на делата и огромната енергија на трпението вложени во нивното создавање.
• Во 17.00 беше реализиран Прием во Француската Амбасада во Скопје, од страна на Неговата екселенција Амбасадорот на Р.Франција во Р. Македонија, г-дин Кристиан Тимоние. Во Амбасадата прием имаа француските гости, заедно со претставник на франкофоните наставници професор Никола Димовски и координаторот на проектот Јадранка Стефкова, претставник на Општина Велес.
http://www.ambafrance-mk.org/-Ambasadata-Vesti-
• Слободните моменти, беа искористени индивидуални прошетки и спонтано дружење помеѓу француските гости и домаќините, ученици и наставници.

Снежана Софијанова професор , Технички координатор на проектот за Општина Велес

 17310281 10155236562604662_6290447157685913198_o

17310336 10155236562079662_2321414336923845086_o

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Настани и случувања согласно со програмата за престој 15.03.2017