KoleNedelkovski.edu.mk

Кошаркарски натпревари со гостите од Шербур – Р.Франција

17349797 10155236589549662_8514069743095492761_o

Во рамките на посетата на гостите од Република Франција, која брои 43 лица од кои 38 се ученици, 3 наставника, претставник на Родителскиот совет и претставник на Педагошко психолошката служба на училиштетот со кое Општина Велес е директно збратимена, на 16.3.2017 год. (четврток) во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес се организираа и спортски натпревари во кошарка помегу ученици од Машинската струка , образовен профил Индустриски котли со средното стручно училиште Lycée Alexis de Tocqueville Académie de Caen Cherbourg Octeville од Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција и учениците на ССОУ “Коле Неделковски“ од нашиот град. 
Соработката со училиштето е остварена за прв пат во мај 2014 година, за да продолжи како процес кој се обновува и оформува секоја учебна година. Групата на гости, наставници и ученици се сместени во семејствата домаќини на наставниците , учениците и лица претставници на општинската администрација, вклучени во проектот. Гостите од Република Франција ќе бидат во Велес во периодот од 12 -19 март 2017.
Спортските натпревари воедно беа и медиумски проследени од регионалната К1 телевизија.
Организатори на овие спортски натпревари беа професорите по спорт и спортски активности Златко Здравковски, Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев.

17311284 10155236590339662_789246993308057477_o

17358615 10155236589629662_2789167789095437899_o

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Кошаркарски натпревари со гостите од Шербур – Р.Франција