KoleNedelkovski.edu.mk

Aктивности на гостите од Франција

 17264120 10155246380324662_8161022510138865300_n

Денес 16 03 2017 г, активностите беа исполнети со претпладневна работа по групи во секое од средните училишта во Велес. Во ССОУ ,, Коле Неделковски" Велес беше организирано :
• Наставно нагледен час во кабинетот на Техничарот за компјутерско управувани машини, кој го водеше професорот по машински стручни предмети Горан Бузалковски. Беше претставена работата на четири модуларен робот кој се управува преку компјутер. Демонстрацијата ја водеа учениците од образовниот профил техничар за компјутерско управувани машини , тие во знак на спомен од овој ден на своите гости им подарија обработка на натпис, лични имиња, со CNC машина. 
• За да се поврзе демонстративниот час, наставата се продолжи на терен со посета на фабриката Leov company. Исклучително добрата организација и одличен прием,во фабриката ,им овозможи на учениците да го видат се она за кое учат во своето средно училиште, односно производство на бојлери и соодветни котли , за сето оваа тие се образуваат. Во стручниот дел сигурно оваа посета ќе остави длабока трага, посебно беа изненадени од одговорноста и тежината на процесот за производство на казани, како и од тоа што и во најтешкиот дел од работата се вклучени многу млади жени.Во стручна поддршка на посетата беше професорот по машински стручни предмети Зоран Пасламушков
• Потоа учениците гости на ССОУ Коле Неделковски (9) ученика, заедно со своите домаќини во Спортската сала на училиштето, одиграа кошаркарски натпревар, натпреварот помина одлично и докажа дека во спортот нема јазична и културна бариера, сите сме исти и одлично се разбираме.Спортскиот натпревар го организираа професорите Златко Здравковски, Анѓелче Гушев и Леонид Таневски.
• Целата група на гости и домаќини се интегрираше во 20.00 часот на театарска претстава во народниот театар ,, Јордан Хаџи Константинот Џинот" во Велес, каде беше одгледата театарската претстава ,,Класен непријател". 
Снежана Софијанова професор , Технички координатор на проектот за Општина Велес

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Aктивности на гостите од Франција