KoleNedelkovski.edu.mk

Настани и случувања согласно со програмата за престој 18и 19. 03 2017 г.

 Денес , активностите беа планирани за посета на Охрид.

Организацијата на патувањето беше во надлежност на проектниот тим од Р.Франција и Р.Македонија
• Патувањето започна во 7.00, за да во 11.30 целата група со два автобуса пристигне во г.Охрид.
• Со професионално водство, на два водича на македонски и француски јазик екстериерно беа посетени : Самоиловата тврдина, Античкиот театар, Црквата Св.Софија, куќата на Робевци, куќата на Уранија, пристаништето, Старата Охридска чаршија.
• Од 14.00 беше организириано патување со брод по Охридското езеро до манастирот Св.Наум и изворите на Црни Дрим. Ова патување остави силен впечаток со погледот кој го понуди, а тоа беа снежните врвови на планината Галичица, крајбрежјето на Охридското езеро со наколната населба, и Албанските планини. За ученици кои доаѓаат од зелената и рамна Нормандија ова беше вистинско откровение на богатството на природата и културата воопшто.
• За сите ученици беше организиран заеднички ручек во ресторанот на самите извори на Црни Дрим.
• По враќањето во г.Велес, во периодот од 02.00 до 03.30 беше организирано испраќање на гостите до аердоромот Александар Велики во Скопје, од страна на домаќините, како и нивните семејства.Спроведувањето на учениците беше извршено од тричлена делегација во состав : Јадранка Стефкова , Координатор на проектот за Општина Велес, Македонка Виларова Локален просветен инспектор и Никола Димовски професор по француски јазик – претставник на домаќините професори , учесници во проектот.
• Уште еднаш по повод завршената активност, искажуваме благодарност до сите семејства на г.Велес, ( 43 семејства ), на ученици и професори , као и вработени во Општина Велес, кои беа домаќини на француските гости, за грижата и посветеноста над гостите и за вкупниот допринос за целосно безбедна реализација на проектот.
Снежана Софијанова професор по електро стручни предмети , Технички координатор на проектот за Општина Велес

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Настани и случувања согласно со програмата за престој 18и 19. 03 2017 г.