KoleNedelkovski.edu.mk

Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција

Денес 23 април 2018 г. во Велес ги пречекавме, се дружевме и спортувавме со учениците и наставниците од Средното стручно училиште од Р.Франција од местото Tourlaville (http://www.lycee-sauxmarais.fr/), дел на збратимената општина Cherbourg-en-Cotentin, со Општина Велес. Тие во Велес беа на еднодневен престој. Програмата содржи еднонеделен престој во различни делови од Македонија. 31 ученик и седуммина професори во текот на денот имаа можност да проследат презентација за културните и туристичките потенцијали на Велес и на лице место да посетат повеќе знаменитости и локации меѓу кои Црквата „Св. Кирил и Методиј“, Народниот музеј и Спомен Костурницата. На приемот во Општина Велес, свечено беше откриена уметничка слика дело на графичарот Ален Буо од Шербур која е предадена ако подарок за Општина Велес. Гостите од Шербур денеска ја посетија и гимназијата „Кочо Рацин“ каде остварија средба со своите колеги и соученици. Во рамките на посетата тие одиграа и пријателски натпревар во мал фудбал во Спортската сала во ССОУ „Коле Неделковски“. Натпреварот беше мошне возбудлив и ја поврза целосната енергија на генерацијата млади средношколци. Од нашето училиште програмата ја поддржаа : Учениците Вероника Александрова 2-6, Радица Јовановска 2-6 , Александар Костадинов 1-8 , Димитар Стерјов 1-8 и Кире Костадинов 4-6 и професорите Никола Димовски, Снежана Софијанова, Златко Здравковски и Сашко Ѓоргов

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција Посета на учениците од средното училиште Sauxmarais, Р. Франција