KoleNedelkovski.edu.mk

Реализација на индивидуални програми со учениците во Франција

 

11118809 10153339129984662_5436786200426509582_o

Денес 16.05.2015 година учениците од групата за ученичка размена во Р.Франција имаше реализација на индивидуални програми во организација на нивните домаќини.
Дел од учениците се дружеа во просторот на прекрасните паркови во градот преполни со растителни видови со кои учениците прв пат се сретнаа.
Дел од учениците го посетија воениот музеј кој се наоѓа во стратешката точка на градот Шербур.
Ноќта на музеите значеше возбудливо доживување за дел од учениците со посета на природонаучниот музеј на покровителот Емануел Лиас.
Дел од вечерта можеше да се помине на концерт на сенегалска музика во театарот Италиан во Шербур.
Ви даваме дел од фотографиите од природонаучниот музеј и ботаничката градина .
Учениците од ССОУ "Коле Неделковски" ја продолжуваат својата програма во текот на утрешниот ден.

Повеќе...

Aктивен ден со групата на ученици во Р.Франција,

 11200972 10153336458449662_6912762708157812250_o

Денес 16 05 2015 г. Петок, имавме активен ден со групата на ученици во Р.Франција, кој го реализраат проектот на ученичка размена со градот Шербур.
Утрото, учениците заедно со одговорните наставници, го посетија најголемиот аквариум со длабочина од 11 метри сместен на пристаништето во г.Шербур, во кој е претставен реално богат воден свет, кој ендемски живее во Атланскиот океан. Овој дел од програмата беше реализиран заеднички , од наставниците и учениците од Р.Македонија и Р.Франција.
Потоа во Гимназијата Алексис де Токлевиљ , беше организиран заеднички ручек со Нормандиска храна и специјалитети. На овој ручек присутен беше и Директорот на Гимназијата домаќин г-дин Патрик Рестут, како и наставниците и учениците вклучени во проектот.
По приемот следеше мошне возбудлива посета на Замокот Равалет во непосредна околина на Шербур. Екскурзијата ја предводеше Главниот архитект за архитектотнското наследство на Општината Шербур - Октавиљ, а преводот беше на наставниците по француски јазик. Беше претставена историјата на комплексот, како и специфичните елементи на градбата, заедно со деталите на Француската и Ботаничката градина која го обиколува овој комплекс.
Во оваа фотографска приказна ви доловуваме дел од Нормандија, со напомена дека објавуваме фотографии од простор во кој ни е дозволено фотографирање.
Активностите на групата од ССОУ,,Коле Неделковски,,и другите средни училишта од г.Велес, продолжуваат во текот на утрешниот ден.

Повеќе...

14.05.2015 ( верски празник во Р. Франција "Спасовден" )

 11270625 10153334345289662_8517369000357075130_o

Сите ученици кои беа дел на групата за ученичка размена со Р.Франција денес реализираа индивидуални програми во кои дел од денот поминаа во природа покрај нормандискиот брег и се дружеа со домаќините.
Ви претставуваме преку фотографии дел од програмата која учениците на ССОУ "Коле Неделковски" ја реализираа во денешниот ден.
Тоа се слики од живописните села на Нормандија и родната куќа на сликарот J.F.Millet. 
Продолжуваме да се стекнуваме со нови искуства.

Повеќе...

Посета на бродоградилиште во рамките на марината во градот Шербур

 

11054819 10153279656294476_2733660452586364163_o

Во рамките на електромашинската струка од страна на домаќините и одговорниот наставник Себастијан Фенелруе беше организирана посета на бродоградилиште во рамките на марината во градот Шербур.
Учениците можеа да ги видат сите фази од градбата на бродови и тоа беше мошне интересна и несекојдневна посета.
Групата од ССОУ Коле Неделковски Велес ја предводеше наставникот Никола Димовски.
Ви претставуваме дел од макетите чии реални изведби ги видовме.

Повеќе...

Група за ученичка размена: Р.Македонија - Р.Франција ССОУ,,Коле Неделковски,,Велес , среда 13 05 2015

 11221970 10153279590684476_6984351043617827581_o

Денот започна со Свечен прием на групата од 44 ученици и наставници од средните училишта на градот Велес во седиштето на Регионот Долна Нормандија, во градот Каен, каде бевме свечено примени во главната сала на советот на регионот на Долна Нормандија. Беше пријатно да се присуствува во просториите на овој средновековен дворец, кој е една од најубавите јавни згради во Каен.
Потоа групата го посети градот Каен, неговите знаменитости.
Посебен историски час посветен на денот на инвазијата на сојузничките трупи на брегот на Нормандија, на плажата каде се наоѓа меморијалното обележје на овој историски ден од периодот на Втората светска Војна.
Многу поздрав до сите вас од сите членови на групата која е дел од ученичката размена со Р.Франција.

Повеќе...

Известување за учениците во Република Франција

 13280 10153277232214476_6585337182020968150_n

Групата ученици кои се во Република Франција се чувстуваат одлично, и ја реализираат програмата на ученичка размена.Денес со локален водич ги посетија знаменитостите на градот Шербур, а во попладневните часови беа дел од наставните активности во Лицејот во Шербур,каде имаа можност да ја следат наставата заедно со своите врсници. Впечатоците се силни,а активностите продолжуваат со програма за регионалниот центар градот Коен во регионот Долна Нормандија.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

Почитувани! 

Ве известуваме дека согласно, прифатената проектната апликација на Општина Велес, во која училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ беше еден од проектните пратнери, од страна на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Р. Македонија за период 2015/2016 г. ќе се реализира ученичка размена со регионот на Долна Нормандија Р.франција, во периодот од 11 до 18 мај 2015 г.

Во рамките на проектот, ќе биде реализирана ученичка размена со општината Шербур–Октавиљ, Р. Франција, со рецирочност која беше искажана при приемот на ученици и наставници гости во нашето училиште во месец јануари 2015 г.
Во оваа ученичка размена од нашето училиште учествуваат ученици со примерно поведение и примерно солиден успех во образованието од сите струки и образовни профили, со искажана предност за учениците кои го изучуваат францускиот јазик во редовната настава.Тоа се следните 8 ученици:

Ане Јовчевски-1/2,
Борче Китановски-2/2,
Фиданка Данева-2/6, 
Александар Велков-2/8,
Љупче Кузмановски-3/1,
Драган Лазов -3/2,
Панче Смилков -3/5,
Димче Димовски-3/6
Одговорни наставници за реализација на програмата се: Никола Димовски – наставник по француски јазик, Светлана Стојкова – наставник по француски јазик и Снежана Софијанова – наставник по електро стручни предмети во својство на технички координатор на проектот на ниво на Општина Велес.

На целта група на Општина Велес, како и на нашите ученици и наставници , учесници во оваа проектна активност, им посакуваме успешна реализација на програмата во Р.Франција
ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес

Последен ден од дружењето со гостите од Франција

10730803 10153050414669662_6492278711373324618_n

Во рамките на програмата за престој на гостите од Р.Франција и заедничкото дружење реализирано на 18 01 2015 (недела) издвојуваме : *Посета на градскиот пазар во Велес и запознавање со ова традицинална форма на трговија - дел од традициите на градот. *Посета на црквата Св.Богородица и презентирање на историски и религиски факти подготвено од учениците домаќини, презентирано од нив на француски јазик. *Неформално дружење и заеднички неформален ручек на учениците. *Посета на свеченото претставување на манифестацијата „Велес град на културата во 2015“ во Новиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“. Особено интересна за гостите беше програмата и проекцијата на филмското творештво на Браќата Манаки, можност да се приближи Македонија кон гостите, во филмски записи кои датираат од пред околу 100 години. *Утрово на Богојавление 19 01 2015, во 9.20 учениците од француската група заедно со своите наставници безбедно пристигнаа во Р.Франција. И благодариме на Општина Велес за укажаната можност и доверба за учество на нашите наставници и ученици Франкофони во овој голем Општински проект. Им благодариме на нашите колеги од другите средни училишта во Велес за соработката и взаемната поддршка. Им благодариме на колегите од нашето училиште од сите стручни активи кои ни дадоа голема поддршка и целосно реализираа дел од активностите. Побогати сме за уште едно искуство и ново пријателство! Работната група на ССОУ „Коле Неделковски“: 1.Никола Димовски - наставник по француски јазик 2.Светлана Стојкова - наставник по француски јазик 3.Снежана Софијанова - наставник по електро стручни предмети, одговрен за меѓународната соработка на училиштето 4.Најдобрите избрани ученици од нашето училиште - учесници во проектот.

Повеќе...

Учениците од Шербур го посетија Скопје

10600419 10153047456724662_1959705252724161538_n

На 17.01.2015 година - сабота, во рамките на програмата за престој на гостите од Р.Франција, Општина Велес организираше Екскурзија со посета на главниот град на Р.Македонија-Скопје. Во рамките на оваа програма издвојуваме: Прием на групата на ученици, наставници и носители на проектната активност во резиденцијата на Амбасадата на Р.Франција од страна на нејзината екселенцијата Амбасадорката на Р.Франција во Р.Македонија г-ѓа Laurence Auer. Во рамките на водството на групата гости на нашето училиште од Р.Франција, како одговорен наставник за реализација на оваа ексурзија е наставникот по француски јазик Никола Димовски. Гостите го посетија и Музејот на македонската борба во Скопје со водство на службен водич на музејот. Воедно имаа време да го видат главниот град на Р.Македонија и да се запознаат поблиску со организацијата на државата во чија посета се наоѓаат.

Повеќе...

Посета на амбасадорката на Р. Франција на ССОУ „Коле Неделковски“

10933757 10153045315554662_5169517664634941825_n

На 16-ти Јануари 2015 година (петок) сите ученици од проектот за меѓународна размена на ученици со градот Шербур, го посетија училиштето ССОУ „Коле Неделковски“. Учениците од машинската струка учествуваа на креативна работилница реализирана на тема „Примена на практични идеи во обраработка и дизајн со метал“. Работилницата беше осмислена и водена од наставникот по ликовна култура Борче Стојанов и колегата гостин-наставник по практична настава од машинската струка г-дин Sebastien Fenouillere. Гостите од колеџот „Lycée Alexis de Тocqueville“ и учениците домаќини заедно работеа, се дружеа и изработија прекрасни креации од метал. Понатаму работилницата продолжи со втората тема „Индустриски дизајн“ на која учениците дизајнираа различни видови на мотори. Носител на проектот е Општина Велес, па во таа чест беа присутни Градоначалникот на град Велес, г-дин Славчо Чадиев и Председателот на советoт на општина Велес, г-дин Александар Колев. Посебна поддршка и интерес искажаа со своето присуство нејзината екселениција, г-ѓа Laurence Auer, амбасадорката на Р. Франција во Р. Македонија, г-ѓа Muriel Jozeaux-Marigné и г-ѓа Guylaine Godin, заменици градоначалнички на градот Cherbourg-Octeville, како и г-ца Ивана Димитровска, координатор на програмата за децентрализирана соработка на Р. Македонија - Регион Долна Нормандија. И благодариме на општина Велес за укажаната доверба и улогата на домаќини на завршната манифестација. 

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција