KoleNedelkovski.edu.mk

Учениците од Шербур го посетија Скопје

10600419 10153047456724662_1959705252724161538_n

На 17.01.2015 година - сабота, во рамките на програмата за престој на гостите од Р.Франција, Општина Велес организираше Екскурзија со посета на главниот град на Р.Македонија-Скопје. Во рамките на оваа програма издвојуваме: Прием на групата на ученици, наставници и носители на проектната активност во резиденцијата на Амбасадата на Р.Франција од страна на нејзината екселенцијата Амбасадорката на Р.Франција во Р.Македонија г-ѓа Laurence Auer. Во рамките на водството на групата гости на нашето училиште од Р.Франција, како одговорен наставник за реализација на оваа ексурзија е наставникот по француски јазик Никола Димовски. Гостите го посетија и Музејот на македонската борба во Скопје со водство на службен водич на музејот. Воедно имаа време да го видат главниот град на Р.Македонија и да се запознаат поблиску со организацијата на државата во чија посета се наоѓаат.

Повеќе...

Посета на амбасадорката на Р. Франција на ССОУ „Коле Неделковски“

10933757 10153045315554662_5169517664634941825_n

На 16-ти Јануари 2015 година (петок) сите ученици од проектот за меѓународна размена на ученици со градот Шербур, го посетија училиштето ССОУ „Коле Неделковски“. Учениците од машинската струка учествуваа на креативна работилница реализирана на тема „Примена на практични идеи во обраработка и дизајн со метал“. Работилницата беше осмислена и водена од наставникот по ликовна култура Борче Стојанов и колегата гостин-наставник по практична настава од машинската струка г-дин Sebastien Fenouillere. Гостите од колеџот „Lycée Alexis de Тocqueville“ и учениците домаќини заедно работеа, се дружеа и изработија прекрасни креации од метал. Понатаму работилницата продолжи со втората тема „Индустриски дизајн“ на која учениците дизајнираа различни видови на мотори. Носител на проектот е Општина Велес, па во таа чест беа присутни Градоначалникот на град Велес, г-дин Славчо Чадиев и Председателот на советoт на општина Велес, г-дин Александар Колев. Посебна поддршка и интерес искажаа со своето присуство нејзината екселениција, г-ѓа Laurence Auer, амбасадорката на Р. Франција во Р. Македонија, г-ѓа Muriel Jozeaux-Marigné и г-ѓа Guylaine Godin, заменици градоначалнички на градот Cherbourg-Octeville, како и г-ца Ивана Димитровска, координатор на програмата за децентрализирана соработка на Р. Македонија - Регион Долна Нормандија. И благодариме на општина Велес за укажаната доверба и улогата на домаќини на завршната манифестација. 

Повеќе...

Спортски ден

1723330 10153043226359662_8272929359602073477_n

Во рамките на активностите , поврзани со престојот на учениците од Општината Шербур, Октавиљ, Р.Франција, денес 15.01.2015, во попладневниот дел од активностите, беше одржан спортски дел од програмата, кој содржеше поголем број на колективни игри како: кошарка, тенис, пинг понг и пикадо. Домаќин на активноста беше Гимназијата Кочо Рацин, а од нашето училиште земаа учество наставниците по спорт и спортски активности, учениците домаќини и наставниците вклучени директно во реализација и координација на проектната активност преку Општина Велес. Заедно се дружеа сите наставници и ученици кои беа вклучени во проектниот тим. Немаше победени и победници, само весели и насмени лица на гостите и домаќините.

Повеќе...

Разгледување на културните и историските знаменитости на Велес

15512 10153042505004662_4365206239462884215_n

Г-дин Sebastijan Fenouillere и учениците од Машинската струка - отсек котларство, од збратимениот град Шербур и 6 ученика од ССОУ Коле Неделковски на 15.01.2015 година со помош на проф. по историја Весна Стојанова Богоевска и професорката по Француски јазик Светлана Стојчевска разгледаа дел од културните и историските знаменитости на Велес. Низ улиците на Велес беа запознати со дел од богатата историја на Велес. Преку Сармаале, покрај Саатот до куќата на Панко Брашнаров, училиштето Кирил и Методиј, до Мегдан и куќата на Касапови. Во куќата што лебди беа запознати со староградската велешка архитектура и начинот на живеење на едно велешко семејство. Во соборната црква беа запознати со историјата и значењето на овој христијански храм за велешани. Нашите гости беа прошетани и низ Којник каде беа запознати со начинот на живеење на велешани порано и денес.

Повеќе...

Презентација на машинската струка пред гостите од Франција

10931127 10153041636734662_1354496393276394570_n

Учениците од Машинската струка - отсек котларство, од збратимениот град Шербур, на 14.01.2015 година беа гости во ССОУ „Коле Неделковски“. Одговорниот наставник по практична настава г-дин Sebastijan Fenouillere заедно со група од девет ученика присуствуваа на презентација на софтверскиот пакет „Q – CAM“. Со помош на овој софтверски пакет се врши програмирање на различни ЦНЦ машини. Потоа беше даден практичен пример за работа на ЦНЦ глодало-дупчалка, при што беше извршено 3D гравирање. Презентацијата ја извршија професорите по машински стручни предмети Горан Бузалковски и Орданче Амбарков. На презентацијата беа присутни: В.Д. Директорот на училиштето Томислав Иванов, психологот Соња Пашова и професорката по Француски јазик Светлана Стојчевска. Наставниците во неформален разговор, меѓусебно се информираа за стручните и професионалните аспекти на работа во француските и македонските училишта.

Повеќе...

Посета на маталните индустрии „БРАКО“ и „ЛЕОВ“

10544399 10153041134559662_7216264064811657900_n

Во рамките на еднонеделниот престој на учениците од збратимениот град Шербур, во средата беше организирана посета на металната индустрија „БРАКО“ и „ЛЕОВ Компани“. Учениците од Франција, кои инаку се од машинската струка, се запознаа со разните видови на технолошки процеси кои се одвиваат во овие две фабрики.

Повеќе...

Прием на гостите од Франција во Општина Велес

10713003 10153037324924662_1456612689177381060_n

Денеска гостите од збратимениот град Шербур, Р. Франција беа примени во Општина Велес од страна на Градоначалникот г-дин Славчо Чадиев. Во своето обраќање до гостите тој истакна дека ваквите размени на ученици од двете земји треба и понатаму да продолжат а пријателствата што ќе се создадат и понатаму треба да останат да се негуваат. Гостите од Франција потоа се упатија на кратка прошетка низ Велес и го посетија Народниот Музеј.

Повеќе...

Настап на КУД „Коле Неделковски“ пред гостите од Франција

1743701 10153037009854662_6178978626256547030_n

На првиот ден од престојот на гостите од Р.Франција, во рамките на програмата за престој , вчера 12.01.2015 год. во просториите на ДУД „Лазар Лазаревски“, беше организирана Фолклорна вечер.
Свој настап имаше младата фолклорна група на КУД „Коле Неделковски“. Со прекрасна изведба на Македонски ора и песни, тие ја претставија фолклорната традиција на нашата земја и македонскиот народ. Настапот беше многу непосреден и одлично прифатен од Француските ученици и нивните професори од Гимназијата Алексис де Токвиљ од градот Шербур. Атмосферата беше многу позитивна и поддржана со богат аплауз за овие млади, прекрасни фолклористи.

Повеќе...

Пристигнаа гостите од збратимениот град Шербур, Р. Франција

1544399 10153035255329662_7146723941791176966_n

Денеска во 13.30 часот гостите од збратимениот град Шербур, Р. Франција пристигнаа во Велес. По топлото добредојде од страна на директорката на ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, г-ѓа Василка Ѓурчиновски тие се сместија во своите соби, а потоа следеше свечен ручек. Гостите беа предводени од претставници на локалната самоуправа и четирите средни училишта од градот. Им посакуваме пријатен претстој и убав помин во неделата што претстои.

Повеќе...

Делегација од градот Шербур во посета на ССОУ Коле Неделковски

10293810 10152510810994662_4023395496037424573_o

Делегација од збратимениот град Шербур Октевиљ во состав: г-дин Barzin Bonyadi, член на Советот на градот Cherbourg Octeville , Регион на Долна Нормандија Р.Франција, г-ѓа Мaryse Freard наставник по Бизнис и менаџмент, г-ѓа Fgiraud Quibel наставник по англиски јазик и г-ѓа Florence Bailey наставник по литература, географија и историја во Средно стручно училиште во градот Cherbourg Octeville, денес 19 06 2014 година го посети нашето училиште. Средбата беше организирана во просториите на ССОУ,,Коле Неделковски" во Велес, како дел од програмата за престој на Опшина Велес, на оваа делегација за периодот од 17 до 20 јуни 2014 година. На средбата Директорот на училиштето М-р Валентин Елисковски, го претстави училиштето, образовните профили и моделите на изведување на практичната настава. Воедно гостите го претставија своето училиште и образовните профили, како и директната цел на проектот, размена на ученици и наставници од двете збратимени Општини Велес и Cherbourg Octeville . Делегацијата направи посета на училишните кабинети и работилници, при што, наставниците и учениците им демонстрираа дел од своите проекти. При оваа средба се воспоставија првичните контакти, со главна цел развивање на соработка помеѓу двете страни и развивање на мрежната соработка помеѓу средните стручни училишта од збратимените градови на Општина Велес.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка со Р. Франција