KoleNedelkovski.edu.mk

ПРИСТИГНАА ГОСТИТЕ ОД ПОЛСКА

Групата на најдобри ученици од збратименото училиште „Станислав Сташица“ од Новогард, Р. Полска пристигнаа денес, недела 27 мај 2018 година во 16.00 часот. Оваа година пристигнаа 11 ученици и двајца наставници Мichal Daca - професор по Германски јазик и Adrzej Zaniewski - професор по Веронаука. Учениците и наставниците беа примени од страна на директорот на училиштето г-дин Боро Ристовски. Во групата владее добро расположение и сите се многу радосни што се дел од програмата за размена на ученици. Во организација на домаќините наредните денови учениците ќе имаат можност да спознаат нова култура, традиции, ученици врсници и да се стекнат со интересни нови искуства во Велес и во Р. Македонија. Учениците се сметени во ОУД „Лазар Лазаревски“.
Вие сте на: Home Меѓународна соработка ПРИСТИГНАА ГОСТИТЕ ОД ПОЛСКА