KoleNedelkovski.edu.mk

Пристигнаа гостите од Полска

ССОУ,, Коле Неделковски,, е домаќин на Полската група на ученици, од Збратименото училиште,, Станислав Сташица,, од Збратимениот град на град Велес, Новогард. И оваа година, тоа е група од најдобрите ученици во училиштето, кој со својот училишен резултат, и својата личност, се избрани од своите наставници, да бидат дел од групата, која допатува во Македонија. Групата ја предводат наставниците : Miroslawa Szymaniak и Anna Renata Pikula Bielska. Среќни сме што Општината Велес и ДУД,, Лазар Лазаревски,, Велес, имаат голема поддршка за овој Македонско - Полски мост, кој изгради многу пријателства. Да споменеме дека на 3 јуни се навршуваат точно 9 години од оваа соработка на двата града, која се негува преку средношколците и наставниците од двете училишта. И посакуваме на целата Полска група, убав престој, кај нас, како Домаќини, и многу нови доживувања, искуства и пријателства.
Вие сте на: Home Меѓународна соработка Пристигнаа гостите од Полска