Одбележан 9-ти Ноември денот на ослободувањето на Велес
Делегација на збратимениот град Новогард, училиштето „Станислава Стажица“ и преставници на ССОУ „Коле Неделковски“ денеска положија свежо цвеќе на Спомен „Костурницата“ на паднатите борци од народно ослободителната борба. Потоа делегациите го посетија училиштето каде гостите од Полска се запознаа со работата и воспитно образовниот процес. Во рамките на посетата беше посетена и машинската работилница и реалната компанија „ЕМКО“ при ССОУ „Коле Неделковски“