KoleNedelkovski.edu.mk

Прием страна на директорот Стефан Ситковски

1502 10151656654184662 927199959 n

Во текот на оваа недела, извршен е прием на учениците кои беа дел од ученичката размена од Р.Полска - Р.Македонија, кај директорот на збратименото училиште Станислав Сташица од Новогард Р.Полска, г-дин Стефан Ситковски. На приемот е присутна раководната структура на збратименото училиште. Учениците , заедно со своите одговорни наставници ги изразиле своите впечатоци од посетата на Р.Македонија, од дружењето со средношколците од ССОУ Коле Неделковски, новите моменти на стручни, културни, географски сознанија, како и од сите убави мигови доживеани со нивните пријатели во Р.Македонија. Во оваа пригода тие свечено му го врачија освоениот пехар на пријателските спортски натпревари одржани во спортската сала на училиштето домаќин ССОУ Коле Неделковски, воедно ја искажале својата благодарност за привилегијата која ја добиле од своите наставници, да бидат дел од групата на најдобри ученици и да им се укаже оваа прекрасна можност за стекнување на нови знаења и искуства во Р.Македонија.

 184405 10151656654654662 68504139 n

430009 10151656654979662 895333122 n

954805 10151656654684662 1374148563 n

1001842 10151656654914662 1855544997 n

1005117 10151656654194662 71072378 n

Вие сте на: Home Меѓународна соработка Прием страна на директорот Стефан Ситковски