KoleNedelkovski.edu.mk

Прием страна на директорот Стефан Ситковски

1502 10151656654184662 927199959 n

Во текот на оваа недела, извршен е прием на учениците кои беа дел од ученичката размена од Р.Полска - Р.Македонија, кај директорот на збратименото училиште Станислав Сташица од Новогард Р.Полска, г-дин Стефан Ситковски. На приемот е присутна раководната структура на збратименото училиште. Учениците , заедно со своите одговорни наставници ги изразиле своите впечатоци од посетата на Р.Македонија, од дружењето со средношколците од ССОУ Коле Неделковски, новите моменти на стручни, културни, географски сознанија, како и од сите убави мигови доживеани со нивните пријатели во Р.Македонија. Во оваа пригода тие свечено му го врачија освоениот пехар на пријателските спортски натпревари одржани во спортската сала на училиштето домаќин ССОУ Коле Неделковски, воедно ја искажале својата благодарност за привилегијата која ја добиле од своите наставници, да бидат дел од групата на најдобри ученици и да им се укаже оваа прекрасна можност за стекнување на нови знаења и искуства во Р.Македонија.

Повеќе...

Свечена вечера

969315 10151638883289662 404524219 n

Во 20 часот беше организирана свечена вечера за гостите од Полска на хотелот „Романтик“. На учениците им беа дадени пригодни подароци а тие изразија желба да останат „уште малку“. Ноќеска учениците заминуваат на пат за Полска. Среќен пат и се гледаме догодина.

Повеќе...

Спортски натпревари

431842 10151638863009662 241017157 n

Во попладневните часови силите ги одмерија на спортски план учениците од Полска и домаќините од ССОУ „Коле Неделковски“. Гстите беа подобри во Фудбал а домаќините во ракомет. Победничкиот пехар отиде во рацете на гостите.

Повеќе...

Креативна работилница

10482 10151638836759662 1526960706 n

Учениците од Полска денеска под раководство на професорот по ликовна култура Борче Стојанов изработуваа фенери. Од жица, рачно изработена хартија и голема доза на креативност беа направени прекрасни креации.

Повеќе...

Работна средба со наставниците од Полска

421237 10151638814969662 1665293715 n

 

Денеска во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ се одржа работна средба со наставниците од средното училиште „Станислава Сташица“ од Новогард, Р. Полска. Се разговараше за можностите за натамошна соработка како и за сличностите и разликите во двата образовни системи.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка