KoleNedelkovski.edu.mk

Одбележан 9-ти Ноември денот на ослободувањето на Велес

9-noemvri 14

Делегација на збратимениот град Новогард, училиштето „Станислава Стажица“ и преставници на ССОУ „Коле Неделковски“ денеска положија свежо цвеќе на Спомен „Костурницата“ на паднатите борци од народно ослободителната борба. Потоа делегациите го посетија училиштето каде гостите од Полска се запознаа со работата и воспитно образовниот процес. Во рамките на посетата беше посетена и машинската работилница и реалната компанија „ЕМКО“ при ССОУ „Коле Неделковски“

Повеќе...

Прием на учениците од Полска кај директорот на училиштето „Станислава Стажица“

IMG 1138

Среќни, весели и насмеани лица на учениците од Полска кој на приемот кај директорот на училиштето „Станислава Стажица“ искажаа голема благодарност до нивните домаќини но и до нивното училиште за укажаната доверба да го преставуваат училиштето на оваа меѓународна размена на ученици. Карол Бабински го предава пехарот за учеството во спортските игри на директорот Стефан Ситковски а Алицја Цегелска предава благодарница за координација, учество и поддршка во меѓународната размена на ученици на заменик директорот Пјотр Лапиеш.

Презентацијата е организирана за сите ученици во форма на мултимедијална презентација во спортската сала на училиштето.

Повеќе...

Видео од посетата на учениците од Полска

Ponedelnik  Vtronik

                             ПОНЕДЕЛНИК                                                                        ВТОРНИК

Sreda  Petok

                             СРЕДА                                                                                     ПЕТОК

Заминаа гостите од Полска

 zaminaa-gostite-od-polska 1

Петочниот ден беше последен од посетата на полските ученици. Професоркат по германски јазик Марта Портас и ученикот Карел Бабински гостуваа во утринската програма на Канал 21. Потоа следеше „АРТ Хепенингот“ во училиштето каде гостите од Полска и нашите ученици ги цртаа знамињата на Полска, Македонија, Велика Британија, Германија и Франција во ходникот каде што се наоѓаат кабинетите по странски јазици. Во попладневните шасови имаше спортски натпревари во ракомет, одбојка и кошарка каде полските ученици добија пехар. Честитки !!! И на крајот следеше проштална вечера во хотелот „Романтик“ каде им беа поделени пригодни подароци. Среќен пат и се гледаме повторно во Мај.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка