KoleNedelkovski.edu.mk

Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Велес

 18595495 10155451706589662_6237226341128400568_o

Во предпладневниот дел од денот, реализирана е посета на Општина Велес. Прием на групата на ученици од Р. Полска и на нивните одговорни наставници, изврши Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев. Од страна на претставник на Општинската администрација, на учениците - гости, им беше претставена, работата на Општинската администрација, просториите на Општината, како и дел од истријата на Велес, низ композиција на фотографии на градот. Учениците направија прошетка низ градот Велес, се дружеа заедно со учениците домаќини, наставниците – гости и домаќини.

Највпечатлив дел, за гостите, беше релјефот, кој е навистина интересн момент и совоевиден културен шок, за луѓе од северот на Европа, кои за прв пат се среќаваат со урбана населба изградена на карпи, како што е нашиот град.

Вие сте на: Home Меѓународна соработка