KoleNedelkovski.edu.mk

Пречек на VII–та група на ученичка размена со Р. Полска

18558935 10155444870579662_7973497903257677693_o

Традиционално во Мај, секоја година, веќе седум години по ред ( 2011 г. – 2017 г.) , збратимените училишта ССОУ ,,Коле Неделковски" од Велес - Р.Македонија и Средното Стручно Училиште ,, Станислав Сташица " од Новогард - Р.Полска, ( ZESPÓŁ SZKÓŁ PONADGIMNAZJALNYCH im. Stanisława Staszica – Nowogard, Polska ) , ја реализираат ученичката размена на средношколци од збратимените училишта.
Оваа година, групата на Гости, брои 15 ученици, од сите образовни профили, кои се еднонордни, како и образовните профили во кои се образуваат учениците на училиштето домаќин. 
Групата на гости, од Р.Полска, ја предводат наставниците : Jowita Pawlak и Аlicja Mikolajewska.
Групата пристигна со директен лет од Берлин, на Аеродромот Александар Велики во Скопје во 18.05 , денес , сабота 20 05 2017 г.
Учениците и наставниците , гости, се сместени во Учeничкиот дом ДУД,,Лазар Лазаревски" во Велес. 
Од утре, учениците и наставниците , гости, ќе се дружат со своите домаќини и ќе ја реализираат еднонеделната програмата за престој во Велес и Р.Македонија, во рамките на образовните, културните и спортските цели на програмата .
Ова е вистински пример, како се одржува соработката помеѓу две училишта, соработкатa помеѓу граѓаните од збратимените градови Новогард и Велес и соработката помеѓу регионите, на Р.Полска и Р.Македонија. 
Одговорни наставници за овој дел од програмата : Ѓ.Ѓоргиев,С.Софијанова, М.Панов

 

Прослава на Конституцијата на Полската држава

18341651 10155399533579662_1793808558370498417_n

И оваа година, училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ на покана на Неговата Екселенција Амбасадорот на Р. Полска во Р. Македонија, г-дин Jacek Multanowski, присуствуваше на Прославата на годишнината на конституцијата на Полскатa државa (3 мај 1791 г.). Оваа година Р. Полска прослави 226 годишнината од својата државност.

По тој повод, Амбасадата на Р. Полска врши промоција на Полската традиција во различни форми како рачни изработки, традиционална Полска носија и Полска кујна од различни региони на Полска со присуство на еминентни гости од Р. Македонија, Дипломатскиот кор во Р. Македонија и пријатели на Полскиот народ. 
Интересно беше промовирана народната носија од Maзовското војводство, од градот Łowicz преку забавни макети. Самиот настан беше организиран во форма на дружење на гостите и размена на интересни искуства поврзани со Полска.
Прославата беше одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на ден 04.05.2017 г.
Од училиштето присутни беа: Директорот на училиштетот, Боро Ристовски и Снежана Софијанова, професор одговорен во делот на меѓународната соработка на училиштето.
Дел од фотографиите се превземени од фејсбук страницата на Полската Амбасада во Р. Македонија.

Повеќе...

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА „ПОРТРЕТ“ ВО БИБЛИОТЕКАТА ВО НОВОГАРД, Р. ПОЛСКА

Во рамките на програмата за Прослава на патрониот празник на ССОУ „Коле Неделковски“ , училиштето организираше конкурс за уметничка фотографија на тема „Портрет“. Промоцијата на најуспешните фотографии, беше организирана преку изложба на фотографии и доделување на дипломи и благодарници за најуспешните автори на фотографија.

Пристигнатите фотографии од учесниците беа испратени во збратименото училиште „Станислава Сташица“ од Новогард каде сега се изложени во просторот на Градската Библиотека во периодот од 16.02 до 03.03.2017 година.

16903302 10155166614634662_4962222090466653839_o

Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Noowogard

13247952 10154295985354662_4042560514467892684_o

Денес во 9:00 часот учениците од ССОУ "Коле Неделковски"-Велес беа примени од страна на градоначалникот на Noowogard, Robert Czapla. Тој им посака топло добредојде, убав помин и дружење со врсниците од збратименото училиште Станислав Стажица. Исто така да понесат убави спомени во Велес.
Потоа се упатија на прошетка низ градот каде ги посетија поважните знаменитости и културни обележја на градот.
Прекрасниот ден го завршивме со прошетка порај езерото и логорски оган во блиската шума.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка