KoleNedelkovski.edu.mk

Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Велес

13227031 10154294773784662_6579045492082587847_n

Денеска во 10.00 часот учениците од збратименото училиште „Станислава Сташица“ од Новогард беа примени од страна на Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев. Тој им посака добредојде во Велес, убав помин, дружење со врсниците од ССОУ „Коле Неделковски“ и да понесат убави спомени во Новогард.
Општинскиот просветен инспектор г-ѓа Македонка Виларова, ја истакна важноста на овие ученички размени како можност за прибирање на позитивни искуства кои можат да се искористат во воспитно образовната работа.
Директорот на училиштето г-дин Боро Ристовски, им посака убав помин во текот на нивниот шест дневен престој во Велес и Р. Македонија и дружење со нивните врсници од училиштето.

Потоа учениците се упатија на прошетка низ Велес.
Прва станица беше слаткарницата „Македонија“ каде учениците го пробаа нивниот специјалитет - сладолед со најразлични вкусови.
Потоа се упатија до центарот на Велес каде попатно се запознаа со знаменитостите на градот.

Повеќе...

Пикник на езерото „Младост“

13217120 10154294012774662_8978190570375172759_o

Во текот на вчерашниот ден учениците од збратименото училиште „Станислав Сташица“ од Новогард се дружеа и забавуваа со своите соученици од ССОУ „Коле Неделковски“ на езерото „Младост“. Денот го искористија за спортски игри, пловење по езерото и пикник.

Повеќе...

Пристигнување во Полска

13221332 10154293315019662_2105096235554951757_o

Учениците од ССОУ КОле Неделковски пристигнаа денес во Новогард, Полска во збратименото училиште каде беа срдечно пречекани од директорот и дел од наставниците. Патувањето помина в најдобар ред, вечерва ја користиме за одмор а од утре почнува дружењето и забавата.

Повеќе...

Пикник на езерото „Младост“ и вечерно дружење

13256446 10154293191219662_1216897227054811358_n
Денешниот ден учениците од Новогард, Р. Полска го поминаа во дружење со своите соученици од ССОУ „Коле Неделковски“, односно спортски игри и пикник кој се одржа на езерото „Младост“.
Во вечерните часови учениците се дружеа во Велешките кафулиња.

Повеќе...

Пристигна Полската група на ученици

 13244175 10154293165699662_7319964027134124240_o

Полската група од 15 ученици и двајца наставници: г-ца Aneta Вartniczuk и г-дин Michal Daca (VI - та размена на ученици Полска - Македонија, од 2010 до 2016 година), пристигнаа во Велес на 22.05.2016 во 01.00 часот.
Учениците беа сместени во интернатот ДУД „Лазар Лазаревски“.
Соработката помеѓу збратимените градови Nowogard и Велес е вистински изграден мост на пријателство.
Училиштата ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес и ZSP „Stanislaw Stasicza“ од Новогард се вистински пример, за моделите на оваа соработка во сите образовно воспитни форми.
Летот од Берлин до Скопскиот аеродром Александар Велики бр. W6 77440 помина во најдобар ред. За могу ученици, оваа е прво искуство на летање со авион, а воедно и прв престој на просторите на Балканот.
Дека нема случајности, туку спој на две добри енергии, покажа и синоќешната топла средба на Полскиот амбасадор во Р.Македонија, Неговата Екселенција г-дин Јacek Multanowski, вонреден и ополномоштен амбасадор на Р.Полска во Р.Македонија, токму на аеродромот со групата на Полски ученици.
Пречекот и сместувањето го реализираа одговорните наставници: Ѓоко Ѓоргиев и Снежана Софијанова.

Вие сте на: Home Меѓународна соработка