KoleNedelkovski.edu.mk

Изложба на фотографија на тема: „Разгледница од моето место“ од ССОУ Коле Неделковски во Новогард Р. Полска

12814635 10154055759474662_9128257481282923878_n

Oд 23 февруари 2016 г. до 7 март 2016 г. во Јавната градска Библиотека “S. Żeromskiego” во Новогард, Р. Полска може да се погледне изложбата на фотографии, која ја поставија нашите пријатели од збратименото училиште ZSP “Stanislaw Stasicza” во Nowogard.
Фотографиите кои се претставени на изложбата, се фотографии кои пристигнаа на конкурсот кој што го организираше училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ во декември 2015 г. по повод 50 годишниот јубилеј на училиштето, под мотото „Разгледница од моето место“.
Ова е втора година по ред, како Изложбата од конкурсот на уметничка фотографија добива Меѓународен карактер, не само по учесниците на истиот, туку и по формата на преставување во изложбен простор надвор од Р. Македонија.
Оваа изложба која го носи насловот „Разгледница од моето место“ содржи 60 фотографии и во целост е вистински промотор на градот Велес, помеѓу граѓаните на збратимениот град Новогард . Преку примерот на овој вид на промоција, воедно помагаме да се приближат и учениците и наставниците од основните и средните училишта на двата збратимени града кои земаа учество во конкурсот, да се запознаат традициите и културните вредности на двете земји.
Посебна благодарност упатуваме до нашите пријатели во Р. Полска, одговорниот наставник Rafal Wasyluk кој заедно со ентузијастите, млади фотографи средношколци се погрижи за достојно претставување.

Одговорен наставник за меѓународна соработка
Снежана Софијанова

5 години партнерска соработка помеѓу Новогард и Велес

Телемостот: ССОУ Коле Неделковски Велес Р.Македонија - ZSP Stanislaw Stasicza Р. Полска, со реализација од Полската страна е промовиран во својата содржина на програматa на веб страната на нашите полски партнери под насловот ,,5 години партнерска соработка помеѓу Новогард и Велес,,
Во текстот се вели:


,, 3 јуни 2010, претставниците на градовите и училишта во Велес потпишаа договор за партнерство и соработка Nowogard - Велес, кој требаше да им помогне да се воспостави и развие соработката помеѓу локалните власти, училиштата и заедниците преку младинска размена. Во ретроспектива, можеме со сигурност да кажeмe дека соработката е многу плодна, и двата града - толку многу оддалечени географски - се во комбинација на взаемна врска на пријателство.
За да го прослават овој значаен јубилеј, управите, наставниците и учениците од двете училишта учествуваа во Tелемост, или интернет конекција со користење на Skype. Добро e да се видиме со нашите пријатели, дури и ако e само на екранот, преку проектор!
Добро, e исто така, да се потсетиме за патувањата во Македонија и на нашите гости во Nowogard. Имаме голем број на слики од времето поминато заедно, иако најважни се спомените, кои засекогаш остануваат, имајте на ум.smile emotico. 5 години зад нас, не чекаат наредните и така по ред 5, 10, 15 ... кој ќе ни донесат многу нови средби, авантури и доживувања. Им благодариме на нашите пријатели од Велес за успешната соработка!

Го поддржуваме овој превод со оргиналниот линк од објавата.Им благодариме на нашите пријатели од Полска на овој прекрасен текст, на взаемната поддршка и реализација !!!

5 години од денот на потпишувањето на Меморандумот за меѓународна соработка помеѓу ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, Р.Македонија и Средното стручно училиште „Станислав Сташица“ од Новогард, Р.Полска.

11350536 10153402828339662_1317822272990453698_n

Денес 03.06.2015 г. се одбележуваат 5 години од денот на потпишувањето на Меморандумот за меѓународна соработка помеѓу ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, Р.Македонија и Средното стручно училиште „Станислав Сташица“ од Новогард, Р.Полска.

Соработката во изминатите пет години беше плодотворна и од година во година врската помеѓу двете средни стручни училишта стануваше се посилна како во делот на воспитната и образовната работа, така и во размената на искуства помеѓу наставниците и учениците.

Во изминатите пет години се развиваше една плодна и искрена соработка која претставуваше и основа за поврзувањето на двата града Велес и Новогард.Во овој период 70 ученици и 10 наставници од нашето училиште ја посетија Р.Полска, а 56 ученици и 10 наставници од партнерското училиште од Р. Полска ја возвратија посетата во Р.Македонија.Искажуваме и голема благодарност до Општина Новогард и Општина Велес, односно Регионот на Гољенов и Вардарскиот плански регион за целокупната поддршка и енергија вложена во концептите на досегашната соработка и воедно се надевам дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина со цел за што поуспешна и поплодотворна меѓународна соработка.
Телемостот со Р.Полска и вкупната активноста за одбележување на овој ден, ја спроведоа наставниците и учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, кои се дел од активностите на програмата за меѓународната соработка на училиштето.
Посебно учество зема КУД „Коле Неделковски“ со најмалата фолклорна група, која со својот настап го одбележи овој јубилеен момент.

Повеќе...

Телемост со нашите ученици во Новогард

 10419416 10153335646164662_1185314197328081961_n

Денеска беше остварен телемост (Skype врска) со нашите ученици-гости на училиштето „Станислава Сташица“ во Новогард. Родителите на учениците се видоа и разговараа за импресиите од посетата на Р. Полска. Со две музички точки се престави музичката група „Циклон“ пред полските ученици.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка