Група наставници од ССОУ„Коле Неделковски“-Велес учествува во обука за дигитални училници за нови алтернативни училишта. Учесниците се запознаваат како да ги користат online училниците и алатките за работа online, како да користат бесплатен софтвер за образование на далечина. Учесниците учат како да креираат аудио и видео записи поврзани со лекциите што ги предаваат, како да креираат тестови и да ги постават на интернет. Сите овие содржини учениците можат да ги следат во било кое време од било кој уред кој има пристап до интернет.
Традиционално пред Католичкиот Божиќ, според програмата за меѓународна соработка на училиштето, учениците од I - ва година при ССОУ „Коле Неделковски“ подготвуваат Божиќни честитки за своите врсници во Полска.
Со овој мал добар гест, стануваме дел од програмата на чествувањето на Бадник (Вигилија), во Збратименото училиште „Станислав Сташица“ во Новогард Полска.
Оваа година имаме честитки подготвени од паралелките I - 6 и I- 7, на ден 11.12.2018 г.
Одговорен наставник: Снежана Софијанова