KoleNedelkovski.edu.mk

Диско забава со Полските ученици

1658602 10152458962159662_5108183950916033448_o

Учениците од групата за ученичка размена од Новогард Р.Полска, колегите наставници од двете училишта и учениците од училиштето домаќин ССОУ Коле Неделковски, вечерва 29 05 2014 година (четврток) организираа Диско вечер. Забавата се одржа во просториите на Мултифункционалната сала на училиштето домаќин. Во рамките на вечерта од страна на Полските ученици беше изведен танцот Полонеза, со ритуална форма на игра, како и игри наменети за Полски традиционални младински дружења.

Нашите ученици ги претставија традиционалните ора од Велес и Македонија. Вечерта беше исполнета со ведрина и взаемност на сите присутни. Им благодариме на сите ученици и наставници од двете училишта кои ја создадоа оваа вечер.

Повеќе...

Посета на ЛЕОВ Компани

10263973 10152457123979662_2254077719715905197_o

Учениците од групата за ученичка размена од Новогард Р.Полска, денес (четврток) 29 05 2014 го посетија производниот процес на фабриката ,,Леов Компани". Оваа фабрика е дологодишен социјален партнер на училиштето, гостите може да го видат производниот процес, да се запознаат со истиот, под стручно водство на раководството на фабриката и наставниците од машински стручни предмети Марија Сараулева и Орданче Амбарков, со превод на англиски јазик на наставникот по англиски јазик Маја Живанова.
Со оглед дека учениците од Р.Полска, се редовни ученици во средното стручно образование, кое го опфаќа доменот на машинската и електротехничката струка, оваа посета со својот едукативен пример остава силен впечаток.

Повеќе...

ТЕЛЕМОСТ со Новогард, Р.Полска

1801153 10152455090869662_6033465468732156757_o

Во рамките на програмата на Отворениот ден на училиштето, во периодот од 11.00 до 11.30 беше организиран ТЕЛЕМОСТ со Р.Полска. Групата на ученици од ученичката размена, гости од училиштето Станислав Сташица од Новогард Р.Полска, остварија скајп врска со своите претпоставени и своите врсници.
При тоа ги искажаа своите впечатоци од реализацијата на програмата на престој во Р.Македонија и училиштето домаќин ССОУ,,Коле Неделковски" Велес.
Во рамките на отворениот ден на училиштето, беше организиран Штанд за меѓународна соработка , на кој беше претставена Р.Полска и преку видео презентација, беше претставена меѓународната размена на ученици помеѓу двете училишта.

Повеќе...

Учениците од Новогард во посета на Скопје

10353459 10152453511484662_2011992354629769440_o

Денес 27 05 2014 година, во рамките на планираната програма беше реализирано следното: 1.Посета на кањонот ,,Матка” во околината на г.Скопје. * Посета на манастирот св.Богородица ( XIVвек) * Посета на акумулацијата, браната и просторот на кањонот, , Матка” со пешачката патека 2.Посета на град Скопје. Посета на музејот на ,,Мајка Тереза”. Во рамките на музејот во просторот на салата за молитва, беше извршен прием на групата од страна на новоименуваниот Полски амбасадор во Р.Македонија неговата екселенција г-дин Јацек Мултановски и неговата сопруга г-ѓа Кинга Мултановска. Средбата беше спонтана и мошне интересна и беа разменети многу интересни искуства, таа остави силен впечаток на сите присутни.На средбата беше присутна и г-ѓа Рената Кутера Здравковска директор на музејот ,,Мајка Тереза”, која како полјачка која долги години живее и работи во Р.Македонија со задоволство ни даде целосна поддршка кон настанот. 3.Учениците го посетија просторот на паркот кон ,,Милениумскиот крст” на Водно во Скопје и уживаа во панорамскиот поглед на градот и природата на планината. 4.Учениците го посетија Спортско рекреативниот центар ,,Борис Трајковски” во Скопје, при тоа се стекнаа со незаборавно искуство на Картинг патеката во рамките на центарот. Тие уживаа во картинг натпревар кој го организиравме на оваа патека. Во текот на утрешниот ден среда 28 05 2014, вратите на нашето училиште се ширум отворени за престој на сите идни ученици осмооделенци.Бидете дел од нас!

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка