KoleNedelkovski.edu.mk

Пристигнаа нашите ученици во Новогард, Р. Полска

 11205097 10153325606384662_7970751187832174975_n

Денеска (10 мај 2015 г.) во 17.00 часот пристигнаа нашите ученици во Новогард, Р.Полска. Со свечен пречек, во духот на стариот словенски обичај со прекрасна пченична погача и сол, нашата група ја пречекаа директорот на училиштето „Станислав Сташица“ г-дин Стефан Ситковски, раководниот тим на училиштето и „амбасадорот“ од Велес, г-дин Зоран Балов.

Повеќе...

Известување за учениците во Полска

 11000214 10153324047169662_8101498630145460561_o

Групата од 14 ученици и професорите Никола Дечев и Ангелче Гушев од ССОУ “Коле Неделовски“ Велес кои се на пат кон збратименото училиште Станислава Сташица во Новогард веќе се сместени во хотелот Гамбит. Утре недела продолжуваме кон крајната цел. Сите сме ОК. Поздрави од Полска.

11182670 10153324047134662_1579941145325309741_o

ПЕТТА ученичка размена со Р.Полска

11204889 10153322100559662_6594803217591490859_n

ССОУ „Коле Неделковски“ во периодот од 8 - 18 мај 2015 г. по ПЕТТИ ПАТ ја реализира ученичката размена со Р. Полска.

И оваа година, нашите најдобри ученици од сите струки и образовни профили, добија прекрасна можност да отпатуваат во посета на збратименото Средно стручно училиште „Станислав Сташица“ во Новогард Р.Полска.

Оваа година на патувањето заминуваат : Петар Царев -1/1,


Елхад Дутовиќ 2/1,
Филип Јаначков 2/2,
Благој Маневски 2/4,
Тамара Адамчевска 2/5,
Никола Апостолов 2/6,
Петар Ордев 2/7,
Димитар Симоновски 2/8,
Милан Васиљевиќ 3/1,
Бојан Петровски 3/2,
Сибел Карамамутова 3/5,
Таки Гогов 3/6,
Јане Тодоровски 3/7,
Јордан Џуклев 3/8

Одговорни наставници за реализација на програмата се:
Никола Дечев - наставник по електро стручни предмети и
Анѓелче Гушев - наставник по спорт и спортски активности.

Програмата се сотои од: протоколарен дел, кој вклучува посета на градската управа на збратимениот град Новогард, потоа, културен дел со интерактивни работилници, работа во театар и посета на филхармонија, културно наследство на Западна Померанија, едукативен дел, спортски дел и слободно време.

Целата програма е соодветно конципирана, согласно со воспитни, образовни, културни и дидактички цели.
Во оваа прилика им благодариме на колегите од Збратименото училиште на нивното гостопримство и на укажаната можност нашите ученици да се дружат со врсниците од соодветно еднородните струки и образовните профили од Р. Полска и да разменат искуства, преку содржински осмислено време, креирано од нивните наставници и ученици, домаќини.

За наставниците, секако е можност да се стекнат со нови искуства и да воспостават нови релации со своите колеги од Р. Полска.

Им посакуваме успешна мисија!!!

Повеќе...

224-годишнина од Уставот на Р.Полска

 20130 10153320378044662_392929798398143979_n

224-годишнината од Уставот на Р.Полска, кој е донесен на 3 мај 1791 година, е обележана со чествување организирано од Полската Амбасада во Р.Македонија.
По тој повод, на покана на неговата екселенција Полскиот Амбасадор во Р.Македонија г-дин Јacek Multanowski, претставници на нашето училиште ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, наставниците по стручни предмети од електро и машинска струка Снежана Софијанова и Валентин Елисковски присуствуваа на свечениот прием кој се организираше во просторот на градината на ресторанот „Ореов Лад“ во Скопје на ден 05 05 2015 г.
Имавме можност да се запознаеме со дел од полската традиција, полската кујна и фолклор.
Им благодариме на посебно укажаната чест, укажаното внимание во несекојдневната атмосфера, со која е искажана, благодарност кон сите наставници и ученици за несебичното вложување во градењето на мостовите на македонско – полското пријателство.

Повеќе...

Вие сте на: Home Меѓународна соработка