KoleNedelkovski.edu.mk

Прием кај Градоначалникот и прошетка низ Велес

 18595495 10155451706589662_6237226341128400568_o

Во предпладневниот дел од денот, реализирана е посета на Општина Велес. Прием на групата на ученици од Р. Полска и на нивните одговорни наставници, изврши Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев. Од страна на претставник на Општинската администрација, на учениците - гости, им беше претставена, работата на Општинската администрација, просториите на Општината, како и дел од истријата на Велес, низ композиција на фотографии на градот. Учениците направија прошетка низ градот Велес, се дружеа заедно со учениците домаќини, наставниците – гости и домаќини.

Највпечатлив дел, за гостите, беше релјефот, кој е навистина интересн момент и совоевиден културен шок, за луѓе од северот на Европа, кои за прв пат се среќаваат со урбана населба изградена на карпи, како што е нашиот град.

Пречек на VII–та група на ученичка размена со Р. Полска

18558935 10155444870579662_7973497903257677693_o

Традиционално во Мај, секоја година, веќе седум години по ред ( 2011 г. – 2017 г.) , збратимените училишта ССОУ ,,Коле Неделковски" од Велес - Р.Македонија и Средното Стручно Училиште ,, Станислав Сташица " од Новогард - Р.Полска, ( ZESPÓŁ SZKÓŁ PONADGIMNAZJALNYCH im. Stanisława Staszica – Nowogard, Polska ) , ја реализираат ученичката размена на средношколци од збратимените училишта.
Оваа година, групата на Гости, брои 15 ученици, од сите образовни профили, кои се еднонордни, како и образовните профили во кои се образуваат учениците на училиштето домаќин. 
Групата на гости, од Р.Полска, ја предводат наставниците : Jowita Pawlak и Аlicja Mikolajewska.
Групата пристигна со директен лет од Берлин, на Аеродромот Александар Велики во Скопје во 18.05 , денес , сабота 20 05 2017 г.
Учениците и наставниците , гости, се сместени во Учeничкиот дом ДУД,,Лазар Лазаревски" во Велес. 
Од утре, учениците и наставниците , гости, ќе се дружат со своите домаќини и ќе ја реализираат еднонеделната програмата за престој во Велес и Р.Македонија, во рамките на образовните, културните и спортските цели на програмата .
Ова е вистински пример, како се одржува соработката помеѓу две училишта, соработкатa помеѓу граѓаните од збратимените градови Новогард и Велес и соработката помеѓу регионите, на Р.Полска и Р.Македонија. 
Одговорни наставници за овој дел од програмата : Ѓ.Ѓоргиев,С.Софијанова, М.Панов

 

Вие сте на: Home Меѓународна соработка