Машински Техничар
Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:
- Црта и проектира оделни машински делови
- Изведува пресметки за одделни машински елементи
- Проектира одделни склопови и подсклопови
- Изведува оперативни подготовки и го планира и организира производството
- Изработува работилнички цртежи
- Организира планско и редовно одржување на машините и опремата
Можности за вработување:
Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во металопреработувачката индустрија, автомобилската индустрија, машинска индустрија и во секоја друга индустрија како одржувач на опремата.
Можности за продолжување на образованието:
Најсоодветни факултети за продолжување на образованието се Машинскиот факултет и сите технички факултети.