KoleNedelkovski.edu.mk

Електромеханичар за електронски уреди

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

Со образовниот профил „Електромеханичар за електронски уреди“, кандидатите стекнуваат стручни знаења од подрачјето на електротехниката и електрониката. По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:

Поправка и одржување на електронски уреди (телевизори, радио приемници, мерни регулациони уреди и други електронски уреди)

Можности за вработување:

Електромеханичарите за електронски уреди можат да се вработат во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на електро - опрема, како и во било кое претпријатие кое има потреба од повремено или тековно одржување и сервисирање на електрични погони, електронски уреди и опрема, регулирачки и управувачки системи и апарати за домаќинство. Сметајќи дека електронското управување е дел од сите професионални уреди и машини тргнувајќи од најобичната машина за перење во домаќинството, ова е навистина голем простор во кој е детерминирана можноста за вработување и самовработување.

Можности за продолжување на образованието:

Сродни профили на исто ниво (профили од градежна и електротехничка струка) и на сродните профили на повисоко ниво (електротехничар за автоматика и телекомуникации, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и специјалистичко образование од електротехничка струка).

Вие сте на: Home Образовни профили Електромеханичар за електронски уреди