KoleNedelkovski.edu.mk

Електромеханичар

elektomehanicarelektomehanicar2

Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?

Електромеханичарот се обучува да составува, мери, пушта во погон и одржува електрични инсталации од секаков вид:

  • да одржува и монтира електрични уреди и машини;
  • да одржува, сервисира и нагодува електронски уреди и опрема;
  • да планира, изработува, инсталира, проверува и одржува регулациски и управувачки системи, алармни и системи за далечинска контрола

Практичната настава се изведува со најсовремена опрема и висока корелација помеѓу теоретската и практичната настава.

Можности за вработување:

Електромеханичарот може да се вработи во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на електро - опрема, како и во било кое претпријатие кое има потреба од повремено или тековно одржување и сервисирање на електрични погони, електронски уреди и опрема, регулирачки и управувачки системи и апарати за домаќинство.

Можности за продолжување на образованието:

Сродни профили на исто ниво (профили од градежна и електротехничка струка) и на сродните профили на повисоко ниво (електротехничар за автоматика и телекомуникации, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и специјалистичко образование од електротехничка струка).



Вие сте на: Home Образовни профили Електромеханичар