KoleNedelkovski.edu.mk

ОТВОРЕН ДЕН ВО ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ - ВЕЛЕС

10428370 10152455147984662_6019429517762538468_o

Денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ беше отворен ден. Ден во кој идните средношколци се запознаа со струките и образовните профили кои се изучуваат во училиштето. Осмоодделенците од Велес, Г.Оризари, Чашка, Иванковци, Градско, Росоман и други приградски населби го разгледаа училиштето, училниците каде се изведува наставата а професорите преку презентации ги запознаа учениците за се она што се изучува по стручните предмети од машинска, електротехничка, сообраќајна и угостителска струка.

ИДНИ СРЕДНОШКОЛЦИ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ПРВИОТ УПИСЕН РОК 23-24.06.2014 ГОДИНА. ИЗБЕРЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ !!!

Повеќе...

Учество на Отворениот ден на ОУ „Блаже Коневски“

10253828 10152411157184662_9010960895502075974_n

Учениците и професорите од ССОУ „Коле Неделковски“ учествуваа на отворениот ден организиран од ОУ „Блаже Коневски“. За поздрав се активностите што основните училишта ги организираат со цел да извршат кариерен развој и насочување на идните средношколци. Денеска тоа се случи во ОУ „Блаже Коневски“ каде средните училишта од градот се преставија со своите струки и профили кои тие ги нудат. ССОУ „Коле Неделковски“ пред идните средношколци од ОУ „Блаже Коневски“ се претстави со 14 образовни профили (техничар за компјутерско управување, автотехничар мехатроничар, машинско енергетски техничар, машински техничар, автомеханичар, заварувач, машинобравар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, елетротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар енергетичар, електроинсталатер и монтер, техничар за транспорт и шпедиција, келнер и готвач) од машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителската струка. На поставениот штанд идните средношколци и нивните родители добија подетални информации за предметите што се изучуваат и можностите за понатамошно продолжување на образованието и вработување. Значајно е да се истакнат соработките со социјалните партнери „Динамо ХИТ“, „Брако“, „Леов“, „Колска“ (каде учениците изведуваат практична настава во реални услови) и се надеваме на идната соработка со германската фирма „Маркхарт“ (делегација од фирмата беа во посета на училиштето на 07.05.2014г.) За се она што остана како дилема за родителите и идните средношколци, училиштето организира ОТВОРЕН ДЕН на 28.05 2014г. каде заинтересираните ќе можат на лице место да видат што работат учениците и каде се изведува наставата. За други дополнителни информации можете да не контактирате на Facebook страната на училиштето https://www.facebook.com/ssoukolenedelkovski, WEB страната www.kolenedelkovski.edu.mk на телефонскиот број 231-446. Се надеваме, идни средношколци, дека Вашиот избор ќе биде ССОУ „Коле Неделковски“ !

Повеќе...

Отворен ден во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

10153135 10152379271379662_1583735209765977264_n

ССОУ „Коле Неделковски“ имаше презентација пред осмооделенците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Учениците кои минатата година завршија во ова училиште заедно со нивните наставници ги претставија струките и образовните профили кои се изучуваат. На отворениот штанд беа изложени наставни средства, помагала и творби кои учениците ги изработуваат на часовите по практична настава. Сите осмооделенци кои имаат прашања можат да не контактираат на facebook страната на училиштето, или на телефонскиот број 043/235-086. Драги осмооделенци се гледаме на ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА 23 И 24 ЈУНИ !!!!!

Повеќе...

Отворен ден 29.05.2012

otvoren-den29-05-2012-naslovna

На ден 29 05 2012 година со почеток во 11.00 беше организирана и реализирана манифестацијата ОТВОРЕН ДЕН НА УЧИЛИШТЕТО во СРЕДНОТО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ Коле Неделковски во Велес. На мноштво штандови, во весела и пријатна атмосфера беше претставена образовната програма на Електротехничката,Машинската,Сообраќајната и Туристичко угостителската струка.Сите кабинети и училници, нагледни средства беа презентирани транспарентно.Посебно место во настанот кој го обележа овој ден е и ТЕЛЕМОСТОТ со збратименото училиште во Новогард Р.ПОЛСКА, училиштето Станислав Сташица, И ОВАА ГОДИНА ја прими групата на 15 најдобри ученици од нашето училиште во придружба на професорите Сашко Ѓоргов и Верица Анѓушева Ѓоргова.Размената СЕ СПРОВЕДУВА КАКО ДЕЛ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО.

Повеќе...

Отворен ден на училиштето - 29.05.2012

otvoren-den-29-05-2012

Идни средношколци, посетете го Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ на отворениот ден на училиштето и запознајте се одблиску со струките и образовните профили кои се изучуваат. Преку отворена комуникација со наставниот кадар дознајте се она што ве интересира за одреден образовен профил. Посетете не на 29.05.2012 година. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!

Повеќе...

Вие сте на: Home Отворен ден