Спортски ден на училиштето
На 4 јуни 2011 година (сабота), ССОУ „Коле Неделковски“ го организира популарниот „Пролетен крос“. Натпреварите се одржаа на градскиот стадион, во две категории и тоа за машки - 800 метри и девојки - 400 метри.
Првото место, во машка конкуренција го освои Ване Иванов, второто Филип Теовски, а третото Марио Алексовски, сите ученици од прва година.
Во женска конкуренција првото место го освои Моника Димовска од втора година, второто место го освои Мартина Ристовска од прва година и третото место Надица Петровска од втора година.
ЧЕСТИТКИ ДО УЧЕНИЦИТЕ !!!!