Признание од општинската организација на Црвениот крст - Велес
По повод 17-ти Март Ден на Црвениот крст на Република Македонија и ден на доброволното дарување крв на 16 март во салата „Бели Мугри“, пред голем број крводарители, членови и активисти на Црвениот крст, претставници на институции и организиации и други гости, беше одржана свеченоет на која беа доделени признанија на заслужни поединци и организации за постигнати резултати за унапредување и развој на крводарителството во 2010 година и на доброволни дарители на крв што во претходната година дарувале јубилејно 50-то, 75-то и 100-то дарување.