KoleNedelkovski.edu.mk

Опис на образовните профили со наставна програма за секој од нив

Конкурс за упис 2014/2015

makedonia

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 

К О Н К У Р С

за запишување ученици во јавните средни

училишта во учебната 2014/2015 година во

Република Македонија

 

  • СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ “КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ”

 

Во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10

паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на

албански јазик) според наставните планови и програми за:

 

Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки


- машински техничар

мак 34 уч. 1 пар 4 г.тр. 45 минимум поени

- машински техничар

алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

- техничар за компјутерско управување

мак 34 уч. 1 пар. 4.г.тр. 45 минимум поени

- автотехничар-мехатроничар/машинско-енергетски техничар

мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

- автомеханичар (реформиран наставен план и програми)/металостругар – заварувач

мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 

Електротехничка струка - 170 ученици, 5 паралелки


- електротехничар за компјутерска техника и автоматика

мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 55 минимум поени

- електротехничар за електроника и телекомуникаци/електротехничар-енергетичар

мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени

- електротехничар за електроника и телекомуникации

алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени

- електроинсталатер и монтер (реформиран наставен план и програми)

мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 

Сообраќајна струка - 34 ученици, 1 паралелка

 

- техничар за транспорт и шпедиција

мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

 

Угостителско - туристичка струка - 34 ученици, 1 паралелка

 

- келнер (реформиран наставен план и програми) / говач

мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во

критериумите за рангирање на успехот на учениците

 

Наставни предмети кои се задолжителни и наставни предмети кои се од значење за струката, односно изборното подрачје:

Машинска струка, мајчин и странски јазик - математика, физика

Електротехничка струка, мајчин и странски јазик - математика, физика

Сообраќајна струка, мајчин и странски јазик - математика, физика

Угостителско – туристичка струка, мајчин и странски јазик - биологија, географија

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2014/2015 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс. Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование;

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

в) средно уметничко образование;

г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

 

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето

во кое у ченикот сака да се запише и истата е бесплатна);

  • оригинални свидетелства од V до VIII одделение;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 23 и 24 јуни 2014 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2014 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 27 јуни 2014 година, а резултатите ќе се објават на 28 јуни 2014 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни и 1 јули 2014 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 3 јули 2014 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 21 август 2014 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 22 август 2014 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за

запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 29 август 2014

година.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два пре дмети што се од значење за струката);
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
  • средна вредност од поени добиени за поведение;

 

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со

еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за

струката.

За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени

(општиот успех од петто , шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни

предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие

најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од

републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да

добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се

вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо

одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80

поени.

Утврдениот број минимум поени за првиот уписен рок, прво пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата за второто пријавување во првиот уписен рок можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени.

Училиштата за вториот уписен рок можат да го намалат утврдениот број на минимум

поени дадени во Конкурсот , за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во

првиот уписен рок (односно најмногу 10 поени во двата уписни рока).

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување во првиот уписен рок и за вториот уписен рок да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да

конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:

- за првиот уписен рок, второ пријавување на 28 јуни 2014 година.

- за вториот уписен рок на 3 јули 2014 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за

запишување со овој Конкурс, потребно е до 22 август 2014 година да достават до Министерството

за образование и наука, барање за добивање согласност за намалување на поените заради

пополнување на слободните места.

За учениците кои завршиле осмо одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (V, VI или VII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од осмо одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 

Министер за образование и наука,

Спиро Ристовски