Заминаа гостите од Полска
Петочниот ден беше последен од посетата на полските ученици. Професоркат по германски јазик Марта Портас и ученикот Карел Бабински гостуваа во утринската програма на Канал 21. Потоа следеше „АРТ Хепенингот“ во училиштето каде гостите од Полска и нашите ученици ги цртаа знамињата на Полска, Македонија, Велика Британија, Германија и Франција во ходникот каде што се наоѓаат кабинетите по странски јазици. Во попладневните шасови имаше спортски натпревари во ракомет, одбојка и кошарка каде полските ученици добија пехар. Честитки !!! И на крајот следеше проштална вечера во хотелот „Романтик“ каде им беа поделени пригодни подароци. Среќен пат и се гледаме повторно во Мај.
Посета на Крушево
Учениците од Полска заедно со своите соученици од Велес го посетија Крушево. Беше посетена спомен куќата на Тоше Проески, неговото вечно почивалиште и „Македониумот“. Истовремено во Крушево се одржуваше и државен натпревар во кулинарство каде преставниците од ССОУ „Коле Неделковски“ од угостителската струка освоија 2 златни и 1 бронзена медаља. Честитки !!!
Посета на социјалните партнери
Денеска гостите од Полска имаа прием во Општина Велес од страна на претседателот на советот г-дин Славчо Чадиев. Тој им посака добредојде и ја истакна соработката помеѓу Велес и Новогард како на општинско ниво така и на образовно ниво помеѓу двете училишта. Потоа учениците ги посетија социјалните партнери „Динамо ХИТ“ и „ЛЕОВ“ каде се запознаа со производниот процес и производите кои овие две фирми ги произведуваат. Во попладневните часови се одржа пикник во училишниот двор каде полските ученици се учеа како да прават кебапчиња на скара. Забавата заврши со македонско оро кое гостите многу добро го прифатија.
Посета на Скопје
Посета на Скопје Денеска учениците од збратимкеното училиште „Станислава Сташица“ го посетија главниот град на Р. Македонија. Посетата започна со обиколка на Скопје со панорамскиот автобус. Гостите се запознаа со кратката историја на Скопје и неговите знаменитости. Потоа следеше посета на Милениумскиот крст и возење со жицарница до него. После краткиот одмор и ручекот гостите го постија плоштадот „Македонија“ и Паркот „Жена Борец“ и бројните спомен обележја. Потоа следеше посета на спомен куќата на Мајка Тереза каде посебна чест ни укажаа и амбасадорот и конзулот на Р. Полска. На изненадувањата им нема крај :), следи возење со картинг и куглање во спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“. И така заврши вториот ден од посетата на полските ученици.