KoleNedelkovski.edu.mk

Обуки

Обука за пожарникар

pozarnikari 1

 

ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес нуди можност за обука на професионални пожарникари во рамките на специјалистичкото образование.

Обуките ги реализираат професори со долгогодишно искуство во педагошката и стручната дејност. После полагањето на сите испити, кандидатите се стекнуваат со компетенции и уверенија/дипломи за завршен повисок степен на образование-специјалистичко образование за професионален пожарникар.

 

Во таа насока ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес е отворено за соработка со сите правни и физички лица и подготвено да го зголеми бројот на обуки со цел создавање на квалитетни професионални пожарникари кои и се потребите Република Северна Макeдонија.

Контакт за подетални информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Обука за такси возачи

skopje-taxi

 

ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес е училиште кое е овластено за вршење обука за добивање на сертификат за такси возач од Општина Велес.

Возачот на такси возилото ја посетува соодветната обука во овластената институција.

Овластената институција издава потврда за завршена обука, па со потврдата за завршена обука ќе поднесе пријава за испит. Врз основа на уверението за положен испит ќе може да се поднесе барање за добивање на сертификат за авто-такси возач.

Контакт за подетални информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Вие сте на: Home Обуки