СОЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ

Влезот во „Брако“
Автоматска линија за пакување на клинци
Влезот во „Динамо-ХИТ“
Монтажата се изведува од страна на учениците кои изведуваат практична настава

 

  СОЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ

  БРАКО

     Компанијата „Брако е основана 1947 година, а од 2003 година е приватна компанија со целосно ревитализиран и обновен машински парк. „Брако“ во 2005 година достигна производство од 1400t месечно на жичани производи и 260 вработени со што станува лидер во регионот.
     Кон крајот на 2005 година „Брако“ прераснува во Холдинг компанија отварајки нови производни погони во Видин, Р. Бугарија и Панчево, Србија.
     Преку заедничко вложување на „Брако“ и холандската фирма „Veighpack“ во 2007 година, пуштена е во употреба автоматска линија за производство и пакување на клинци.

 

  ДИНАМО-ХИТ

     „Динамо-ХИТ“ е приватна фирма која егзистира на пазарот од 1997 година. Основна производна дејност е производството на електрични апарати за домаќинството. Најпознат производ е електричниот бојлер кој доаѓа во изведби од 5,10,30,50,80,100 и 120 литри како и комбинираните системи за централно и соларно греење.
     „Динамо-ХИТ“ вработува 80 работници, кои според работните задачи се распоредени во следните оддели: оддел за припрема на материјалот, оддел за оформување и изработка на производите, оддел за фарбање и емајлирање и оддел за монтажа.