ЗА НАС

  ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ОНИЕ КОЈ ЌЕ ГО НАПРАВАТ ПРАВИОТ ИЗБОР ДЕНЕС !

     Од минатата година, во рамките на Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ од Велес, започна да функционира Реалната компанија „ЕМКО“. Преку учество во работата на реалната компанија, учениците стекнуваат практични знаења од областа на електротехниката, машинството и деловното работење.

     На овој начин се прави спој помеѓу теоретската и практичната настава. Со работа во Реалната компанија учениците за прв пат добиваат знаења и искуство од областа на деловното работење. Со ова учениците стануваат „комплетни“ во своите знаења, односно стекнуваат искуство кое можат да го искористат за отворање на сопствен бизнис.

     За таа цел, минатата година во училиштето се отвори кабинет за Деловно работење во кој се изведува наставата по предметот „Бизнис“ во III и IV година.

  ЗА НАС

КАБИНЕТ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ