БИДИ ДЕЛ ОД АРМИЈАТА!

Денеска во мултифункционалната сала на училиштето свое претставување пред учениците од четврта година на образование имаа претставниците од Гарнизонот за обука на Армијата на Република Северна Македонија од Велес.
Тие ги запознаа учениците што значи да се биде војник и со можностите за продолжување на образованието на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, но и со можноста да се биде професионален војник во армијата.