Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
По завршувањето на училиштето ученикот е способен за следниве работни задачи:
- Монтажа и одржување на електрични инсталации
- Учество во поставување на електрична инсталација во стамбени згради и индустриски објекти
- Монтажа за електроенергетски постројки
- Погонско одржување на електрични инсталации и водови
- Проучување на техничка документација и прописи за електричната инсталација
Можности за вработување:
Со овој образовен профил, лицето може да се вработи во градежно проектантски фирми, фирми кој работат со дистрибуција и продажба на електроматеријали и опрема, фирми кои се занимаваат со одржување на електрични апарати и опрема, директно во производствени погони како лица на одржување на електрични апарати, уреди, инсталации и опрема и машини од различен вид. Можат да работат како дел од тимовите за монтажа и одржувањена лифтови и многу други места каде доменот е електро опрема. Овие лица примаат дообука и лесно се вклопуваат во телекомуникациски фирми, како и фирми за производство и транспорт на електрична енергија.Сите фирми можат да бидат од јавниот и приватниот сектор.
Можности за продолжување на образованието:
Сродни профили на исто ниво (профили од градежна и електротехничка струка) и на сродните профили на повисоко ниво (електротехничар – енергетичар и специјалистичко образование од електротехничка струка).