Кои се работните задачи кои ќе може да ги извршува?
Електромеханичарот се обучува да составува, мери, пушта во погон и одржува електрични инсталации од секаков вид:
- да одржува и монтира електрични уреди и машини;
- да одржува, сервисира и нагодува електронски уреди и опрема;
- да планира, изработува, инсталира, проверува и одржува регулациски и управувачки системи, алармни и системи за далечинска контрола
Практичната настава се изведува со најсовремена опрема и висока корелација помеѓу теоретската и практичната настава.
Можности за вработување:
Електромеханичарот може да се вработи во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на електро – опрема, како и во било кое претпријатие кое има потреба од повремено или тековно одржување и сервисирање на електрични погони, електронски уреди и опрема, регулирачки и управувачки системи и апарати за домаќинство.
Можности за продолжување на образованието:
Сродни профили на исто ниво (профили од градежна и електротехничка струка) и на сродните профили на повисоко ниво (електротехничар за автоматика и телекомуникации, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и специјалистичко образование од електротехничка струка).