Конституирана ученичката заедница при ССОУ “Коле Неделковски“

Преставниците на ученичките заедници од прва до четврта година на 28.9.2022 год. (среда) во спортската сала при училиштето одржаа средба со следниот дневен ред:
1.Разгледување на програмата за работа на ученичката заедница при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес за учебната 2022/2023
2.Избор на раководство на на ученичката заедница при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес за учебната 2022/2023
3. Тековни прашања
По првата точка преставниците на ученичките заедници од прва до четврта година беа запознати со програмата за работа на заедница. Воедно беа дадени и дополнителни предлози за идни активности во училиштето
По втората точка беше избрано раководството на ученичката заедница и тоа:
Леонтина Кимова 1-8 клас, Матеј Стојанов 2-7 клас и Николова Јована 4-7 клас, додека за претседател на ученичката заедница беше избран Томислав Петревски 3-2 клас. Воедно беа избрани и заменици на преставниците и тоа Петар Неделчев од -5, Филип Арсовски од 2-8, Викторија Ристовска од 3-5 клас иТања Кимова од 4-3 клас.
По третата точка преставниците на ученичката заедница беа поздравени од директорката Весна Стојанова – Богоевска која што ги слушна сите барања од страна на учениците, а се однесуваа во насока на организирање на ученички екскурзии, подобрување на хигиенски услови, Еразмус програмата, ученичките забави, соработката со Младинскиот центар и сл.
Ученичката заедница ја координираше одговорниот наставник за заедницата Ангелче Гушев и Марјан Малинов