ЛУТЕКС Д.О.О. – ПАРТНЕР ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

На 25.01.2023 година пред учениците од прва година на образование од електротехничката струка беше презентирана работата на фирмата „Лутекс“ Д.О.О.
На почетокот своја презентација имаше претставникот на Делегацијата на Германското стопанство во Република Северна Македонија, г-дин Дејан Чуповски, кој го претстави концептот на Дуалното образование и придобивките за учениците и фирмите од овој модел на учење.
Потоа г-ѓа Лидија Димовска, одговорна во делот за производство во Лутекс ја претстави дејноста на фирмата и можноста за соработка со учениците кои ќе се запишат во образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника.
Преку дуалниот модел на образование за учениците се обезбедува:
Поголем број на часови за практична настава,
Изведување на практичната работа во фирма под надзор на обучен ментор од фирмата,
Паричен надоместок за деновите кога се изведува практичната работа,
Топол оброк и обезбеден превоз до фирмата,
Можност за вработување во фирмата после завршувањето на образованието.