Што изучува:
По завршувањето на образовниот процес, машинобраварот е оспособен:
- да чита и применува техничка спецификација;
- да монтира, мери, пушта во погон и одржува машини, опрема и уреди;
- да одржува и сервисира машинска, градежна, железничка и рударска механизација и опрема;
- да изработува резервни делови и склопови;
- да планира, изработува, инсталира, проверува и одржува хидраулични пневматски системи и инсталации;
- да прилагодува, преправа, проширува и модифицира производна опрема.
Можности за вработување:
Машинобраварите можат да се вработат во претпријатија чија дејност е производство, одржување и монтажа на машини, машински елементи и опрема, во машинството, градежништвото, рударството и железничкиот сообраќај и во останатите производни претпријатија
Можности за продолжување на образованието:
Наставниот план овозможува брза преквалификација во рамките на струката како и напредување кон четиригодишно и потоа универзитетско, или пак специјалистичко образование.