Обука за давање прва помош за учениците од прва година

Во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“, ОО на Црвениот Крст од Велес на 27.9.2022 год. (вторник) за учениците од прва година при училиштето организираше обука за давање прва помош при паѓање во безсознание, прва помош при скршеници на долни горни екстремитети, давање на вештачко дишење и прва помош при инфарктни ситуации. Воедно учениците беа запознати и со начините како да се помогне во давање на помош со повикување на специјалните броеви на брзата помош, полицијата и сл. Обуката ја водеше Јадранка Мишкова, специјалист по општа медицина и волонтер во ОО на Црвениот крст заедно со волонтери од споменатата организација. Активностите на оваа обука ги координираше наставникот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев.