Обука за претседателите на ученичките заедници

На ден 24 и 25 ноември 2022 год. (четврток – петок) беше одржана обука за сите претседатели на ученичките заедници во нашата земја од страна на LEAD (Leaders for Education, Activism and Development). Преку обуката претседателите беа запознаени со целта на ученичка заедница и како таа функционира. Соразлични вежби, тимско работење учениците имаа можност да си ги докажат своите вештини и да научат нови работи. Обуката се одржа преку ЗУМ апликација. Претставници од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес беа претседателот наученичка заедница Томислав Петревски и одговорниот наставник Ангелче Гушев.