Отворен ден за идните средношколци

Денеска училиштето ги отвори вратите за идните средношколци. Учениците од училиштето ги преставија струките и образовните профили кои се изучуваат во него преку вежби и активности кои тие ги имаат за време на часовите. Машинска, електротехничка, сообраќајна и угостителска струка, се струките кои можат да ги бираат деветтоодделенците од градот. Оваа година, пред учениците се преставија и социјалните партнери „Маркарт“, „Ронтис“, „ЛЕОВ Компани“, „ЕВН“ и „БРАКО“ кои на учениците им ја преставија својата работа, но и потребата од работна сила која пак соодветствува со образовните профили кои се изучуваат во училиштето. Идни средношколци, првиот уписен рок е на 18 и 19 ЈУНИ 2018 година, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!