Ученици од прва година, електротехничка струка, беа во посета на компанијата Лутекс која е партнер на училиштето во дуалното образование . Сопственикот на компанијата Г-дин Маркус Туч ги запозна учениците со производствениот процес и можностите кои им ги нуди компанијата за реализација на практичната настава и феријалната пракса.
